16:28 - 5 декември, 2025

БРЗИТЕ ДИЕТИ ОСТАВААТ ПОСЛЕДИЦИ: Што ве чека ако изгладнувате или нагло ослабнете?

Ако се прашувате што се случува кога држите една од оние „чудесни диети“, тука може да ги прочитате одговорите кои ќе ве натераат два пати да размислите пред да ги почнете.

Знаете ли дека, на пример, ризикувате дисбаланс на хормоните, гоење, слабо варење и уште многу други несакани последици? 

Дисбаланс на хормоните

Ако прескокнете оброк доаѓа до дисбаланс меѓу хормоните. Кортизолот расте и ве прави нервозни. Инсулинот исто така расте, а потоа опаѓа што доаѓа до пореметување на шеќерот во крвта па дури и до добивање килограми!

Проблеми при варењето

Вашето тело е навикнато да работи во текот на целиот ден, па кога ќе прескокнете оброк, организмот нема што да преработува и системот на варење престанува да функционира како кога имате редовни оброци.

За метаболизмот и за системот на варење најдобро е да имате три оброци во текот на денот и две ужини.

Задржување на масти

Со прескокнување на оброци го збунувате вашето тело. Тоа мисли дека го изгладнувате иако оброкот сте го земале порано од навикнатото. Кога тоа ќе се случи, телото почнува да складира масти за да си обезбеди гориво за наредниот период.

Го исцрпувате организмот

Со прескокнување на оброци го исцрпувате вашиот метаболизам и телото тогаш ќе ви возврати – ќе ве направи уморни.

Кога не јадете, вашиот метаболизам се забавува, а кога имате редовни оброци, метаболизмот постојано работи и со тоа се забрзува. Редовните оброци ќе ви овозможат побрз метаболизам и со тоа побрзо согорување на калориите.

Станувате депресивни

Веројатно до сега сте чуле дека луѓето кои се постојано гладни се исти како и лицата кои се лути некому. Тоа се случува поради дисбаланс на хормоните, кои прават да се чувствувате потиштено и нервозно.

Се менува системот на размислување

Ќе се изненадите, но прескокнувањето на оброци го менува вашиот систем за размислување за храната. Во вашиот ум се создава погрешна слика дека всушност храната не ви е приоритет што дефинитивно не е добро за вашето здравје.

Доаѓа до прејадување

Последна, но не и помалку важна последица од прескокнување на оброците е прејадувањето. Прејадувањето е нешто што обично доаѓа после прескокнат, на пример, ручек. Вашето тело за време на вечерата е толку исцрпено и просто си бара калории. Тогаш обично доаѓа до прејадување, а тоа резултира со болки во стомакот и наталожување на масти и килограми.

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....