3.8 C
Скопје
00:56 - 21 декември, 2024

Боровинки за долговечност и општа благосостојба на луѓето кои редовно ги јадат

Боровинките се идеална храна за мажите, за жените, а најмногу за децата. Ова овошје е богато со витамините А, Б и Ц, како и со антиоксиданти, кои го чуваат менталното здравје и мозокот од оштетување.

Со редовното консумирање боровинки, мажите го намалуваат ризикот од појава на дијабетес тип 2, бидејќи овие плодови помагаат во регулација на нивото на шеќер во крвта. Боровинките исто така се богати и со растителни влакна и со протеини.

Овие плодови содржат и мало количество витамини од Б-комплексот, какви што се: ниацин, пиридоксин, фолати и пантотенска киселина. Овие витамини служат како кофактори, кои му помагаат на телото при метаболизацијата на јаглехидратите, протеините и мастите.

Дополнително, боровинките содржат и солидна количина минерали, какви што се: калиум, манган, бакар, железо и цинк. Калиумот е важен дел од клеточните и телесните течности и помага во регулацијата на работата на срцето и крвниот притисок. Манганот се користи во телото како кофактор за антиоксидантскиот ензим супероксид дисмутас. Бакарот е неопходен за создавање на црвените крвни зрнца. Железото е потребно за оформување на црвените крвни зрнца.
Хранливите состојки го намалуваат ризикот од неуродегенеративни болести, болести на срцето и рак.

Изобилуваат со антиоксиданти

Боровинките изобилуваат со антиоксиданси, кои го подобруваат имунитетот со неутрализација на делувањето на слободните радикали. Со тоа се намалува штетноста на токсините што влегуваат во организмот. Исто така, го штитат уринарниот тракт од инфекции, го прочистуваат и спречуваат влез на бактерии.

Ги подобруваат моторните функции

Сите луѓе постари од 55 години секој ден мораат да јадат боровинки. Токму постарите лица имаат повисок ризик од губење на моторните функции со годините. Меѓутоа, доколку консумирате свежи или замрзнати боровинки, ќе ги подобрите моторните функции и ќе го намалите ризикот од когнитивни проблеми.

Го подобруваат варењето на храната

Доброто функционирање на дигестивниот систем и забрзаното варење на внесената храна, имаат значење за целокупното здравје. Не само што боровинките се одличен извор на растителни влакна, кои прават дигестивниот систем редовно да работи, туку и антиоксидантите во боровинките го штитат од оштетување. Поради тоа, со редовно јадење на овие плодови, речиси за 90 отсто се намалува можноста за појава на рак на дебелото црево.

Спречуваат оштетување на нервниот систем

Редовното јадење замрзнати боровинки може да го заштити нервниот систем од оштетување. Ова е од суштинско значење, со оглед на тоа колку нашето тело е изложено на отрови секој ден. Замрзнатите боровинки ќе му помогнат на нервниот систем да остане здрав и силен.
Со редовно јадење боровинки можете да го намалите ризикот од невролошки болести, бидејќи во нивниот состав се концентрирани и антоцијаните, кои имаат моќ да ја подобрат функцијата на мозокот како и да ја подобрат меморијата.

Одлична храна за сите што се на диета

Боровинката има многу ниска калорична вредност. Во 100 грама свежи боровинки има само 57 калории. Од друга страна, боровинките содржат растворливи растителни влакна, витамини, минерали и пигментни антиоксиданти, кои значително придонесуваат за доброто здравје и општата благосостојба. Токму поради тоа тие се одлична храна за сите што внимаваат на исхраната, но и континуирано „работат“ на тоа да имаат вито тело.

Боровинките можат да бидат причина и за појава на алергиски реакции

Боровинките понекогаш можат да предизвикаат сериозни алергиски реакции кај некои чувствителни луѓе. Најчесто ваквите реакции настануваат поради мешање со алергени од други видови овошје (јагоди), полен или мед. Најчестите симптоми на алергијата на боровинка се: отекување и вцрвенување на устата, усните и јазикот, егзема, исфрлање на кожата, главоболка, растечен нос, чешање на очите, отежнато дишење, гастроинтестинални тешкотии.

Сок од боровинки

Сокот подготвен од боровинки, според многумина е еден од највкусните напитоци, кои истовремено им е омилен на различни генерации. Освен тоа што може да се консумира свежа и како сок, боровинката исто така може да се складира и за во зима, подготвена како мармалад или слатко или едноставно замрзната. Замрзнатата боровинка, има речиси идентични нутритивни вредности како и свежата боровинка.

Чај од плодовите, листовите и коренот

Многумина боровинката најчесто ја консумираат во вид на чај. Токму чајот од боровинка важи за еден од најлековитите напитоци и се подготвува од сушени плодови. Сепак, немојте да се изненадите кога билкарите ќе ви препорачаат редовно да пиете и чај подготвен од листови од боровинка.

Чајот подготвен од суви листови од ова растение, спречува појава на проблеми со мокрењето, како кај децата така и кај возрасните. Исто така, со редовно пиење чај од листови од боровинки, значително се подобрува функцијата на бубрезите и успешно се одржува здравјето на бешиката.

Листовите од боровинките многу помагаат и во намалувањето на нивото на шеќерот во крвта и токму затоа се препорачува да го пијат луѓето што имаат дијабетес. Овој чај многу помага и во намалувањето на сувото кашлање, болки во желудникот, мачнина, надуеност и повраќање. За да го подготвите чајот од боровинки, сѐ што треба да направите е во зовриена вода да потопите неколку листови од оваа билка, а потоа едноставно да го процедите напитокот и да го испиете.

Чајот од свежите боровинки се препорачува да го пијат сите што имаат проблеми со видот, бидејќи во составот на ова здраво растение концентрирано е поголемо количество каротен. Исто така се користи и за подобрување на цревната функција и чистење на цревата од паразити.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Хируршки третман на израстоци – бенигни тумори на кожа

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо
Се вчитува....