10.8 C
Скопје
18:33 - 12 март, 2026

Авокадото помага при дерматитис, срцеви заболувања… Како да го изберете најдобриот плод?

Во 100 грама авокадо има 160 калории, а богат извор е на витамините А, Д, Б12 и Ц, како и на калиум и калциум. Маслото од авокадо може да се нарече „омекнувач на кожата“, и како такво може да се користи за многу кожни болести, од егзема до дерматитис. Бидејќи содржи многу маснотии, авокадото е препорачливо да го користите заедно со оброци кои не содржат други богати извори на маснотии. На пример, за да го намалите ризикот од остеопороза, можете само да го изгмечите авокадото и да го додадете во јогурт или на немасно сирење.

За здраво срце. Редовното консумирање бета ситостерол и други растителни ситостероли го одржува нивото на холестерол во крвта. Авокадото ја има оваа состојка во изобилство. Aвокадото може да го намали и нивото на лошиот холестерол.

Помага и при слабеењето. Изобилува со диетални влакна, кои можат да помогнат во слабеењето, како и да влијаат на нивоата на шеќерот во крвта. Во 100 грама авокадо, има 7 грама влакна, што сочинува дури 27 отсто од препорачаната дневна количина.

Истражувањето објавено од Американското здружение на нутриционистички науки покажало дека авокадото и маслото од авокадо му помагаат на телото подобро и повеќе да ги апсорбира хранливите материи од другите овошја и зеленчуци. Додавањето авокадо или масло во салатите и сосовите ја зголемува апсорпцијата на антиоксидантите, пред сѐ, на каротеноидите, фитонутриентите. Намирницитe што содржат каротеноиди се најчесто со портокалова и зелена боја, а имаат благотворно влијание на здравјето на очите.

Од мноштвото плодови на пазарот, изберете го најдобриот! Земете го авокадото в рака – ако ја чувствувате неговата тежина, тоа значи дека е зрело. Нежно притиснете го – зрелиот плод мора да биде цврст со само мало попуштање. Проверете ја текстурата на кожата – таа мора да биде затегната, без вдлабнатини. Зрелиот плод од авокадо има темна нијанса, прошарен со зелени делови. Ако дома имате плод кој не е целосно зрел, ставете го во хартиено ќесе 2-5 дена. Додадете една банана или јаболко за да го забрзате процесот на зреење.

Слични објави

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо
Се вчитува....