15:36 - 5 декември, 2025

Што да јадете ако имате ПРОБЛЕМИ СО ХОЛЕСТЕРОЛОТ?

Одредени намирници, како и промените во исхраната може да влијаат на намалување на лошиот холестерол. Во продолжение ви наведуваме некои од нив.

Јаткасти плодови: Ореви, бадеми, лешници, ф’стаци и пекан ореви можат да влијаат на нивото на холестерол. Според Американската агенција за храна, ако јадете грст од овие плодови на ден, можете да го намалите и ризикот од срцеви болести. Сè што содржи многу сол можете да го замените токму со овие намирници.

Соја: Без оглед во кој облик ќе ја послужите, сојата е одличен начин за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести така што ќе влијае на намалувањето на нивоата на холестеролот. Протеините од сојата се наоѓаат во тофу, јогуртот и млекото од соја…

Влакна: Само растителната храна содржи влакна, а растворливите се наоѓаат во намирниците како овес, семки, јаболка, цитрусно овошје, леќа и мешунки и се одлични за намалување на нивоата на холестеролот.

Омега-3 масни киселини. Го намалуваат нивото на триглицериди и шансите за појава на срцеви проблеми. Токму овие маснотии ќе го намалат процесот на производство на триглицеридите во црниот дроб, а покрај тоа што имаат противвоспалителни својства, го намалуваат и таложењето на плак во артериите и ја разредуваат крвта. Целта е да внесете најмалку две порции омега-3 масни киселини неделно преку риба, а тоа вклучува лосос, туна или сардини.

Додатоци за намалување на холестеролот

Лук: Може да го намали нивото на холестеролот во крвта за неколку проценти, но само краткотрајно. Но, треба да се биде претпазлив, бидејќи лукот може да го продолжи крвавењето, затоа не смее да се зема пред операција.

Црвен ориз: Може да влијае на намалувањето на нивото на лошиот холестерол. Администрацијата за храна и лекови на САД не го промовира овој производ како агенс за намалување на холестерол.

Други билни производи: Повеќе студии докажаа дека екстрактот од лист на артичока, ајдучка трева и босилек можат да помогнат во намалувањето на нивоата на холестеролот. Тука спаѓаат и ѓумбирот, куркумата и рузмаринот.

Слични објави

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin

(Видео) Кој е набилданиот маж од спотот на Теа Таировиќ: Со него сними жешки сцени на мотор!

Еспресо
Се вчитува....