07:42 - 2 ноември, 2026

Ѕвездата на серијата „Грдата Бети“ уапсен, давал отпор на полицијата

Актерот од некогаш популарната серија „Грдата Бети“, Ерик Мабиус (53), беше уапсен во четвртокот наутро на Флорида поради напад.

Ерик беше приведен нешто пред 6 часот наутро и се соочува со две прекршочни обвиненија – напад и давање отпор на полицаец без употреба на насилство, според ТМЗ.

Шокантната фотографија од притворот го прикажува актерот со збунет израз на лицето, со видлива исекотина до десното око.

Мабиус е најпознат по улогата на модниот уредник Даниел Мид во серијата „Грдата Бети“. Серијата се емитуваше од 2006 до 2010 година, пишува „Дејли мејл“.

Раните филмови на Мабиус од 1990-тите ги вклучуваат „Chicago Hope“, „Party of Five“ и „Get Real“. Мабиус глумеше во серијата „Потпишан, запечатен, испорачан“ (Signed, Sealed, Delivered) на „Халмарк канал“ од 2013 година.

Слични објави

Бунтовник против системот и една од најконтроверзните рок-легенди — на денешен ден е роден Бора Чорба

К.С.

Мажите открија кој дел од женското тело им е неочекувано привлечен — не се градите, ниту задникот

К.С.

(Фото) Борко Ристовски прослави 10 години љубов со сопругата Нина: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“

К.С.

„Намерно треснав сума што е нереална дури и за Реал Мадрид“: Воја Недељковиќ откри како преговарал за хонорарот во Ѕвездите на Гранд

Т.Ц.

Сè потешко спиеме добро — научниците откриваат што ни го нарушува сонот и зошто проблемот не е само во нас

К.С.

„Ти беше феномен“: Јосипа Лисац со трогателна посвета се прости од Мишо Ковач

К.С.
Се вчитува....