5.8 C
Скопје
06:35 - 22 март, 2026

Зошто Австралија учествува на Евровизија? И што ако победи, каде би се одржувала Евровизија? Еве го одговорот

Едно од најпоставуваните прашања на вчерашната полуфинална вечер беше – зошто Австралија учествуува на Евровизија. За волја на вистината – претставникот на Австралија и влезе во финалето.

Евровизија е најважниот европски музички фестивал и настан кој не го пропуштаат за сите љубители на музиката од Стариот континент. Сепак, без некое изненадување, меѓу конкурентите и на ова издание наоѓаме и австралиски уметник, Шелдон Рајли: зошто? Очигледно има причина за учество на „странски“ изведувач на натпреварот, а еве за што станува збор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SHELDON RILEY (@sheldonriley)

Ова не е прв пат австралиски уметник да учествува на Евровизија, а историјата на оваа трансконтинентална музичка врска е доста интересна.

Сè започна во 1979 година, кога SBS (Специјална радиодифузна служба), главната австралиска радио и телевизиска мрежа, влезе во Европската радиодифузна унија како придружна членка. Од тогаш до Евровизија 2022, се правеа мали но значајни чекори во соработката, па веќе во 1983 година натпреварот за пеење беше емитуван во Австралија, уживајќи во огромен успех кај јавноста и започнувајќи чекори кон приближување на Австралијците до настанот – Евровизија.

Од 2000 година, соработката направи чекор напред, давајќи ѝ можност на австралиската јавност исто така да учествува во гласањето и, почнувајќи од 2012 година, земјата може да претстави краток филм наречен „Поздрав од Австралија“ и песна вон конкуренција за време на натпревар.

Затоа, од 2015 година, Австралија доби можност да учествува на натпреварот со испраќање на свој уметник. Досега максимален резултат е второто место кое во 2016 година го освои Дами Им.

Во секој случај, ако некој австралиски уметник победи на Евровизија 2022 или на едно од следните изданија, настанот нема да се пресели во Австралија, туку океанската земја и SBS ќе треба да  изберат европски град за домаќин на натпреварот следната година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SHELDON RILEY (@sheldonriley)

Слични објави

(Фото) Ја нарекуваат босанската Адријана Лима: Младата водителка на временска прогноза станува сè попопуларна

Еспресо

(Предлог филм за саботна вечер) Брижит Бардо стана симбол на сексуалната слобода со овој филм од 50-тите, кој беше забранет во неколку држави

Еспресо

12 животински знаци, 12 совети: Откријте што сте во кинескиот хороскоп

Еспресо

Мистериозниот дечко на Дара Бубамара со приватен авион пристигна во Црна Гора од Дубаи

Еспресо

(Видео) Вака изгледа кога Јелена Розга и Нина Бадриќ спонтано ќе ги спојат гласовите!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....