09:19 - 4 април, 2026

Жерар Депрадје ќе ја дознае пресудата во мај: Овинителството бара 18-месечна условна казна за актерот

Суд во Париз објави дека на 13 мај ќе ја донесе пресудата за актерот Жерар Депардје кој е обвинет за сексуално вознемирување на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година. Француското обвинителство во четвртокот побара 18-месечна условна казна и парична казна од 20.000 евра за Депардје, пренесуваат странските медиуми.

Седумдесет и шестгодишниот Депардје, истакната личност во француската кинематографија, е обвинет за сексуално вознемирување на две жени за време на снимањето на филм од 2021 година. Ова е првпат актерот, кој се соочува со бројни обвинувања за сексуално вознемирување низ годините, да биде изведен пред суд.

„Три години ме влечете низ калта со лаги и клевети кои ми ја јадат крвта и желбата да комуницирам со луѓе од сите возрасти“, рекол Депардје пред да ја напушти судницата.

Актерот призна дека фатил една од жените за бутот, но негираше дека тоа е напад. Неговиот адвокат рече дека наводите против неговиот клиент се лажни и дека истражителите биле пристрасни.

Депардје се прослави со улогите во филмовите „Сирано де Бержерак“, „Човекот со железна маска“, „Последното метро“, „Ќерката на мускетарот“, „Животот на Пи“ и „Астерикс и обелиск“.

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....