-0.2 C
Скопје
19:13 - 24 ноември, 2024

„ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА“ ПРОСЛАВУВА 22 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ: Да се донесе светот дома – Над две децении врвна медицинска услуга

Врвни услуги од современата медицина, резултати базирани на брза и прецизна дијагностика, превенција на болести, извршување на комплексни операции – тоа е мисијата на „Жан Митрев Клиника“.

Во 2000 година, во еден изнајмен дел од Воената болница во Скопје, беа поставени контурите на специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“, чие огнено крштевање беше одбележано со првата бај-пас операција во РМ, предводена од академик д-р Жан Митрев.

Клиничката болница „Жан Митрев“ (на 1 март) има голема причина за славење – одбележување на 22 години од своето постоење. Од самиот старт постави високи стандарди и отвори нови хоризонти во македонската кардиоваскуларна хирургија. Салата со која започна, една на број, и 12 болнички кревети, прераснаа во најсовремен медицински центар со комплетни дијагностички процедури во голем број медицински гранки, поддржани со услуги од модерната хирургија, анестезија и интензивна нега, a се и промотори на нови современи услуги кои треба да ги превенираат болестите на 21 век.

Од 2016 година „Жан Митрев Клиника“ се наоѓа во нов, ултрамодерен објект, инвестиција од 40 милиони евра, во кој главна мисија и фокус е постигнување на највисок можен квалитет во услугите со цел пациентите да се чуствуваат подобро, посигурно и посреќно.

– Потврда за успешноста е и фактот што во 2020 година, дури и во време на пандемија, по втор пат добиваме акредитација со златен печат од „Џоинт Комишн Интернешнал“ (Joint Commission International). Следејќи ја новата технологија во медицината, клиниката располага со најнови медицински апарати, како што се уролошки ласер за литотрипсија, најсовремени дијагностички апарати за магнетна резонанца, компјутерска томографија и 3Д мамограф за томосинтеза. Во овој изминат период се појави потребата и од регионалнa присутност. Затоа минатата година беа отворени два големи дијагностички центри под брендот „Жан Митрев Дијагностик“ во Струмица и Битола. Целта за отворање вакви центри е да се гарантира нивото и квалитетот на нашите услуги локално и, секако, да им помогнеме на пациентите да се чувствуваат подобро, посигурно и посреќно. Горди сме и на нашата нова инвестиција – Центарот за естетска дерматологија, кој претставува сеопфатен медицински и козметичко-дерматолошки оддел кој нуди целосен спектар на медицинска и хируршка нега, како и естетско подобрување, вели првиот човек на Клиниката, академик д-р Жан Митрев.

Клиниката „Жан Митрев“ континуирано вложува во постојана надградба и едукација на своите вработени, создавајќи врвни кадри подготвени да се соочат со сите предизвици.

– Следејќи ја новата технологија во медицината и работа со најнови медицински апарати, ние создаваме кадри овде, што претставува една многу долгорочна инвестиција, на која всушност се базираат нашите одлични резултати. Реално, имаме доктори кои се далеку поподготвени и со многу повисоки професионални перформанси од многу доктори од Германија, потенцира академик д-р Митрев.

Меѓу првите во Европа, „Жан Митрев Клиника“ оформи генетска лабораторија и ги доближи различните генетски испитувања во рутинската секојдневна пракса.

– Мислам дека сè уште и после толку години, луѓето малку знаат што всушност имаме овде од аспект на здравствени услови и стандарди. Воспоставив една секојдневна работа и лекување на најтешко болни со применети највисоки стандарди. Успеав тие услуги да бидат покриени од Фондот за здравствено осигурување, пациентите да се лекуваат без да треба да плаќаат дополнителни средства. Иако само во кардиохирургијата, сепак ова е пример, односно покажува колкав потенцијал за развој на здравството постои, ако се променат условите на функционирање, додава академик д-р Митрев.

Она што ја прави „Жан Митрев Клиника“ посебна е уникатниот пристап со бесплатни операции за пациентите за срце и крвни садови повеќе од 20 години. Успешната соработка со Државниот фонд за здравство за кардиохирургија им овозможува на пациентите да добијат врвни услуги бесплатно.

фото – приватна архива

Промотивен напис. 

 

Слични објави

(Фото) Вака изгледала Мелина некогаш: Таа имала 21, а Харис 51 година, без ниту една естетска корекција!

Еспресо

(Видео) Се ожени синот на Даниел Поповиќ: И невестата и свекорот се фатиле за микрофонот на веселбата

Еспресо

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо

Душко Тошиќ има нова девојка: Откриени сите детали за нивната врска и каде парот тајно се гледа

Еспресо
Се вчитува....