13.8 C
Скопје
18:18 - 13 март, 2026

ЗЕЛЕНСКИ СО ПОРАКА ДО МИЛА КУНИС И ЕШТОН КАЧЕР: „Ѕвездениот пар искрено верува во нас“

Украинскиот претседател во својата вообичаена ноќна видео-порака емитувана преку социјалните мрежи им се заблагодарува на актерите Мила Кунис и Ештон Качер: „Собраа 35 милиони за бегалците“.

Во ноќта нарушена со бомбардирањето на Киев – најмалку четворица загинати во уништувањето на трговски центар во Подил, во срцето на градот – и од рускиот ултиматум до опколениот град Мариупол, украинскиот претседател Володимир Зеленски не се откажува да зборува за мир. Тој повторно апелираше за мир во видео-порака вообичаено емитувана во текот на ноќта преку социјалните мрежи од неговата претседателска палата во главниот град. Преку пораката му се заблагодари на израелскиот премиер Нафтали Бенет за помошта во преговорите со Русија, „избирајќи“ го Ерусалим како идеално место за одржување на следните разговори со Москва: „Ова е вистинското место да се најде мир, ако тоа е можно“.

Обраќајќи му се на својот народ, во пресрет на 25-тиот ден од руската инвазија, Зеленски ја објасни стратегијата со која интервенираше во бројни парламенти ширум светот, во пресрет на неговиот говор пред италијанскиот парламент, утре, 22 март: „Работиме на тоа да го направиме целиот свет наш пријател“, објасни украинскиот претседател, кој искажа пофални зборови особено за британскиот премиер Борис Џонсон, со кого дијалозите се постојани: „Тој е вистински пријател на Украина кој не се колеба и не бара изговори. Договоривме конкретна поддршка за нашата земја на самитите на Г7 и НАТО следната недела“.

И на крај, Зеленски благодарност упати и до американската актерка со украинско потекло Мила Кунис и нејзиниот сопруг Ештон Качер, кои собраа 35 милиони долари за помош на внатрешно раселените лица.

„Ѕвездена двојка – така ги дефинираше Зеленски – кои искрено веруваат во нас, во нашата победа, во нашата иднина. Тие им помагаат на украинските внатрешно раселени лица со собирање средства. Им се заблагодарувам во име на нашиот народ, во име на сите нас“.

Слични објави

(Фото) Четири месеци радост во домот на Миро Кацаров, малиот Тадеј расте опкружен со љубов

Еспресо

Докторите и предвиделе на Ведрана Рудан уште 3 месеци живот

Е.А.

„Ова не е нормално“: Синди Крафорд покажа како ѝ почнува денот, луѓето ужаснати

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin
Се вчитува....