4.8 C
Скопје
23:26 - 3 март, 2026

Зеленски: „Русија зборува за своето ласерско оружје за да го скрие неуспехот“

Шефот на украинската држава ги омаловажува тврдењата на Москва дека располага со страшен воен ресурс: „Тие се плашат да ги признаат своите катастрофални грешки“. 

Украинскиот претседател Зеленски, во својата вообичаена вечерна видео-порака, самоуверено потврдува дека во Москва „ се плашат да признаат дека се направени катастрофални грешки на највисоките државни и воени нивоа“.

Шефот на украинската држава уште еднаш прави споредба со Втората светска војна: „Во пропагандата на нацистичка Германија постоеше терминот wunderwaffe, неверојатно оружје. Колку повеќе стануваше јасно дека тие немаа шанси [да победат, н,з] за време на војната, толку повеќе имаше пропаганда за неверојатното оружје, кое е толку многу моќно“. Од ова лесно може да се заклучи дека Путин и неговите генерали „ќе прикажуваат се повеќе и повеќе вундервафови додека вооружените сили на Украина и сите наши бранители чекор по чекор ја ослободуваат нашата земја“.

Ова се случува, продолжува Зеленски, затоа што „во третиот месец од целосна војна, Русија се обидува да го најде своето „чудо“. Веројатно ласерско оружје. Сето ова јасно укажува на целосен неуспех на инвазијата “, заклучува украинскиот лидер.

Со најавата дека потпишал нови уредби за воена состојба и рокот за општа мобилизација, Зеленски пренесува и уште една важна одредба: потпишување на закон кој ќе им понуди заштита на луѓето лишени од слобода од окупаторите, како и на нивните семејства, пренесува раињуз.ит. .

Украинскиот претседател, откако се потсети на масакрот на Кримските Татари од 1944 година од страна на Сталин, му се заблагодарува на Андриј Шевченко, „нашиот легендарен фудбалер“, што стана првиот амбасадор на новиот национален бренд на Украина – Јунајтид 24, платформа, како што објаснува самиот Зеленски, која е лансирана за да се соберат средства за поддршка на земјата нападната од Русија. Настанот за собирање средства, појаснува шефот на украинската држава, ќе кулминира во јуни на голем настан организиран од самиот Шевченко во Лондон.

Слични објави

„Денес ќе дознам кога ќе одам на операција“: Рале и Ана фотографирани заедно во хотел, таа му е голема поддршка

E.A.

„Целосно ја истрижав косата, а тој…“: Карлеуша низ солзи за Поповиќ кој ѝ помогнал по смртта на нејзината мајка

Еспресо

(Фото) Сузана Манчиќ го напуштила ресторанот кога се појавила Нада Топчагиќ?! Не се поздравиле поради фотографијата на која се топлес

Еспресо

Вистината од семејниот дом на легендарниот Шабан Шаулиќ: Пејачот носел перика цели 10 години

E.A.

(Фото) Александра од МТВ го покажа синот Лука: Таа и сопругот имаат уникатна љубовна приказна

Еспресо

(Видео) Водителката Сања Маринковиќ наполни 52 години: Толку е младолика, што никој не би ѝ дал толку!

Еспресо
Се вчитува....