01:14 - 3 април, 2026

Зеленски: Преговорите со Русија се „на нула“; „во Северодонецк се бориме против бројно поголеми сили“

Денес е 104-тиот ден од конфликтот и украинските сили се на линијата на фронтот и се обидуваат да го спречат напредувањето на Русите. Украинскиот претседател Володимир Зеленски зборуваше особено за тоа како војниците на неговата земја се ангажирани во одбраната на градот Северодонецк и се наоѓаат во борба против „бројно поголеми“ сили.

При средбата со група новинари во Киев Зеленски објасни дека  „тие се побројни од нас а со тоа и се посилни“. Претседателот тогаш рече дека преговорите со Русија се „на нула ниво и дека трупите на Москва се стремат кон освојување на стратешкиот град Запорожје.“

Зеленски понатаму заклучи дека повеќе од 2.500 борци кои давале отпор во челичарницата Азовстал во Мариупол сега се приведени во регионите Доњецк и Луганск, додавајќи дека првата фаза од операцијата – нивното извлекување живи од Азовстал – е завршена и дека сега се работи на вториот дел – да се доведат живи дома.

– За да има шанса да ја победи Русија, на Украина и требаат најмалку 60 Млрс ракетни фрлачи со повеќекратни системи, многу повеќе отколку што досега ветија Соединетите Американски Држави и Обединетото Кралство, вели потполковник Олексиј Арестович, воен советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

 

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....