9.8 C
Скопје
12:40 - 31 март, 2026

Зеленски обвинува: 4,5 милиони без струја поради руските напади; мрак и во половина милион куќи во Киев

4,5 милиони Украинци вечерва се најдоа без струја поради руските напади врз енергетската инфраструктура. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во својата ноќна видео порака.

„Самиот факт дека Русија прибегнува кон енергетски тероризам ја покажува слабоста на нашиот непријател“, рече Зеленски, „тие не можат да ја победат Украина на бојното поле, па на овој начин се обидуваат да го скршат нашиот народ“.

Утрото, на 4 ноември, и во Киев останаа без струја 450.000 станови, а тоа е за еден и пол пати повеќе од претходните денови.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, преку Телеграм ги повика жителите на Киев да штедат струја што е можно повеќе.

„Стабилизирачки прекини се случуваат поради преоптоварување на централниот јазол на енергетскиот систем на земјата“, напиша тој.

Кличко рече дека „ситуацијата останува тешка“.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....