06:59 - 3 април, 2026

Зеленски: „НЕ“ за отстапување територии во замена за мир

Претседателот на Украина Володимир Зеленски повторно ја отфрли идејата неговата земја да отстапи дел од територијата за да склучи мир со Русија.

„Во некои западни медиуми почнаа да се појавуваат симптоматски написи во кои се наведува дека Украина треба да ги прифати таканаречените тешки компромиси со откажување од територијата во замена за мир“, рече Зеленски во синоќешното обраќање.

„Оние кои ја советуваат Украина да се откаже од територијата не гледаат на обичните луѓе, рече тој, „кои живеат на територијата што ја предлагаат да ја заменат за илузијата за мирот“.

Володимир Зеленски во својот вообичаен видео говор до нацијата уште еднаш побара од западните сојузници целосна поддршка во снабдувањето со оружје.

„Благодарен сум на сите што зборуваа за тоа, вклучително и во Давос, и на оние кои зборуваат за тоа во медиумите и во главните градови на големите земји, и покрај притисоците на сите оние кои се заглавени во дваесеттиот век, кога интересите на луѓето често се реализираа со размени, во обид да се задоволат апетитите на диктаторите“, додаде тој, отворено критикувајќи го поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, кој шпекулираше за можни територијални отстапки од Киев за да се постигне примирје со Москва.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....