01:34 - 10 февруари, 2026

Зеленски: „Да“ за преговори со Русија, но само по размената на затвореници со украинските борци од Азовстал

Говорејќи за една украинска телевизија, претседателот на Украина рече: „Сакаме сè да се врати како што беше порано“.

Војната во Украина може да заврши само со „дипломатски“ средства: ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, говорејќи за еден украински ТВ канал, додека преговорите меѓу Москва и Киев се во застој.

Војната „ќе биде крвава, ќе се води, но дефинитивно ќе заврши со дипломатија“, вели Зеленски. Потоа додава: продолжувањето на преговорите ќе биде можно само по размена на затвореници што ќе ги врати дома украинските војници кои се предадоа во фабриката за челик Азовстал во Мариупол.

„Има работи што не можеме да ги постигнеме освен на преговарачката маса. Сакаме сè да се врати (како што беше)“, но „Русија не сака“. Така, украинскиот претседател зборуваше на украинската телевизија за состојбата со разговорите со Русија.

„Ќе ги вратиме дома“, рече тој, потсетувајќи дека Москва најави ослободување на сите војници кои беа забарикадирани во фабриката за челик Азвостал. „Момчињата – рече претседателот – добија наредба од војската да излезат и да си ги спасат животите“.

Во меѓувреме пак, Леонид Слуцки, шефот на Комисијата за надворешни работи на Државната дума, рече дека украинските војници заробени во Азовстал не треба да бидат вратени во Киев.

„Моето мислење не се промени: не треба да има размена на борци од баталјонот Азов, нивната судбина треба да ја реши судот“, вели Слуцки.

Москва:„Нема размена со војниците од баталјонот Азов“

Слични објави

„Две години се молев да забремени“: Емотивна исповед на пејачката Инди за сестра ѝ Едита и нејзиниот партнер

Еспресо

Нина Бадриќ со емотивна порака до својата публика: „Ми рекоа дека тоа е тешка работа, дека не се исплати …“

apostolova

Поранешниот на Цеца ужива во љубовта со убавата мисица: „Тој ми ја врати вербата во мажите“

Еспресо

Вака Небојша Глоговац ги помина последните часови од животот: „Се шегуваше со сопругата, а потоа одеднаш му се слоши“

Е.А.

Неочекувано изненадување: Оженетиот дечко на Милица Тодоровиќ ѝ испратил трубачи пред зграда?

Еспресо

Милица Тодоровиќ брутално „нападната“: Јавноста во шок, ја преживеа најтешката борба

Е.А.
Се вчитува....