11:22 - 21 ноември, 2026

За 10 месеци оштините во Македонија потрошиле 961.000 евра на пејачи: Најмногу се опариле Северина и Јелена Розга со десетици илјади евра

Македонскиот центар за граѓански комуникации спроведе истражување за општинските трошоци за забавни настани. Истражувањата покажуваат дека само од јануари до октомври годинава општините потрошиле 961.000 евра за пејачи и други естрадни уметници. Според нивното мислење, таа сума се очекува да надмине еден милион евра.

Од друга страна, лани за истата намена се потрошени милион и 11.000 евра. Според податоците од истражувањето, годинава најмногу била платена Северина, за што Крива Паланка издвоила дури 25.000 евра. Сепак, најмногу пари годинава има Јелена Розга, која за два настапи во Берово и Штип заработи 42.000 евра.

Кога станува збор за минатата година, најплатен пејач бил Саша Ковачевиќ, кој од Штип добил 26.000 евра. Кога станува збор за македонските градови општина Кавадарци, Струмица, Штип, Кисела Вода и Велес, тие најмногу трошат на забавни настани, пишува.

Меѓу оние кои годинава ги наполниле џебовите од градскиот буџет на општините во Македонија се Хари Мата Хари кој заработил 19.000 евра и Петар Грашо 13.000 евра.

Слични објави

„Можете да ме побарате на телефон“ – Ребека Јанковска-Ристески им понуди поддршка на родителите на деца со посебни потреби

Еспресо

Денеска е Аранѓеловден — што не треба да правите на големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил?

К.С.

Дино Мерлин: „Татко ми замина кога имав седум години, а мајка ми правеше сè да нè изведе на прав пат“

Е.А.

Мирис на домашна кујна — рецепт за посни колачи со ореви што се топат во уста

К.С.

Дневен хороскоп за 21 ноември: Посветете го денот на себе, избегнувајте дополнителни обврски

apostolova

Јована Јеремиќ носела детаљ од 20.000 евра на свадбата со Тигар: Поради него ја тужела пејачката

Еспресо
Се вчитува....