7.8 C
Скопје
22:47 - 30 март, 2026

Во славната Ла Скала со „Борис Годунов“ ќе се отвори сезоната 2022/23: „НЕ на острацизмот против Русите“

„Јас не сум за лов на вештерки, не сум за откажување на руски дела, не сакам да се кријам кога го читам Пушкин и ја преземам мојата одговорност за овие избори“, рече францускиот познат режисер на опера Доминик Мајер.

Со руска опера, пточно со ремек-делото на Модест Мусоргски, „Борис Годунов“ ќе се отвори сезоната 2022/2023 на прочуениот мислански ла Скала на 7 декември. Со овој симболичен избор, режисерот Доминик Мејер денеска, за време на презентацијата на програмата, го повтори „не“-то на најважната италијанска оперска куќа, и една од најважните во Европа и светот, на „ловот на вештерки“ против руските уметници, веќе искажан и во други прилики.

На повеќе од сто дена по почетокот на војната што ја започна Русија против Украина, режисерот сакаше да спречи билокаква контроверзност: „Не ја планиравме следната оперска сезона вчера – рече тој на прес-конференција – за она што е претставено денес е одлучено пред три години, како и за протагонистот Илдар Абдразаков (руски оперски пејач,н.з). Ако го правите Борис Годунов, немате 50 преведувачи кои можат да го изведат тоа. Немаме ништо против руските уметници “, додаде тој.

На иста линија на размислување е и Рикардо Шајли, кој ќе биде диригент на „Борис Годунов“.

„Руската музика за мене започнува од многу далеку – рече музичкиот директор – а со режисерот Мајер веќе размислувавме за тоа пред три години. Почнав во 1981 година со руска опера и оттогаш моето патување продолжи во насока на големиот репертоар на руската музика“.

 

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....