11.8 C
Скопје
18:37 - 14 март, 2026

Властите на Запорожје: Во моментот на експлозијата во автомобилот на Сушко била неговата ќерка која „за чудо“ преживеала

Владимир Рогов, член на главниот совет на администрацијата на регионот Запорожје, на Телеграм соопшти дека во разнесениот автомобил на починатиот шеф на Михајловка Иван Сушко била и неговата ќерка.

принтскрин

Сушко го носел детето во градинка. Според Рогов, девојчето преживеало „за чудо“ и не е критично повредено.

Моментот на експлозијата на автомобилот е забележан на надзорните камери. Рогов објави снимка од местото на настанот. Тој нагласи дека експлозивната направа била поставена со цел.

Претходно Рогов ја објави смртта на Иван Сушко. Тој изјави дека под седиштето на автомобилот на началникот на населбата била поставена експлозивна направа. Сушко бил ранет и во критична состојба бил пренесен во болница, каде набргу починал, пренеусваат руските медиуми.

Шефот на Истражниот комитет на Руската Федерација, Александар Бастрикин, наложи да се покрене случај за смртта на шефот на Михајловка. Текот на истрагата е ставен под контрола на централната канцеларија на Истражниот комитет.

Слични објави

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо
Се вчитува....