4.8 C
Скопје
03:01 - 18 февруари, 2026

„Виновен сум“! Прво огласување на Аца Лукас по излегувањето од притвор

Српскиот фолк пејач Александар Вуксановиќ попознат како Аца Лукас е приведен на пат кон Копаоник откако полицијата утврдила дека нема возачка дозвола.

Како што дознава српски „Блиц“, фолкерот паднал на тестот за наркотици. Против него ќе биде поднесена прекршочна пријава за возење под дејство на наркотици.

– Лукас падна на тестот за наркотици. Тој беше приведен во текот на ноќта, а утрово пуштен од притвор. Против пејачот ќе биде поднесена кривична пријава за возење под дејство на наркотици – рекол извор за „Блиц“.

Потоа, пејачот се огласи и ја призна вината.

– Виновен сум и преземам одговорност за своите постапки. Државните органи си ја вршеа својата работа согласно законот и јас немам никакви забелешки за нивната работа – изјавил Лукас за „Хајп“.

Лукас бил запрен од сообраќајната полиција и приведен поради немање возачка дозвола, поради претходни прекршоци, а тој управувал со возилото. Тој бил пресретнат од сообраќајни службеници на влезот во Брус и по тестот кој покажал дека е позитивен на недозволени супстанции и дека возел без возачка дозвола, бил приведен во полициска станица.

Пејачот се товари по две точки: возење без возачка дозвола и под дејство на недозволени супстанции. За ваквите прекршоци, кои се водат како тешки сообраќајни прекршоци, се казнува со парична казна до 120.000 динари или 60 дена затвор.

 

Слични објави

(Фото) Сања Маринковиќ знае како да ужива: Водителката позираше во костим за капење на одморот во Катар

Еспресо

Ова е последната реченица што ја кажал Шабан пред смртта: Сопругата Гордана и денес го памети неговиот поглед – „Тогаш ме фати паника“

Е.А.

(Фото+видео) Кога Јордан Митев пее, нашите во Канада уживаат: Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

Еспресо

„Се враќам на оној стариот Дарко“: Пејачот пресече, па откри како навистина живее

Е.А.

Поранешниот свршеник на Наташа Беквалац пристигна во Србија со убавата Доминиканка

Еспресо

Кој е претепаниот син на Снежана Ѓуришиќ? Двапати бил во затвор, девојка му страдала во сообраќајка што ја предизвикал

Еспресо
Се вчитува....