5.8 C
Скопје
11:09 - 22 декември, 2024

Вил Смит поднесе ОСТАВКА од Академијата: „Мојата постапка беше шокантна, болна и непростлива, списокот на оние што ги повредив е долг!“

Актерот, кој веќе му се извини на комичарот за нападот минатата недела на церемонијата на доделувањето на Оскарите, пишува: „Ќе ги прифатам сите последици што одборот ќе ги смета за соодветни“.

Уште од неделата навечер, кога Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок на сцената во театарот Долби во Лос Анџелес за време на церемонијата на доделување на наградите Оскар, во Холивуд (и во светот на кинематографијата) постојано се зборува на оваа тема. Сега, последна по хронолошки редослед, доаѓа уште една сензационална вест која додава масло во огнот на приказната: несоодветниот гест на Смит, кој го направи на 94-тото издание на Оскарите, можеби најозборувано во последните децении, продолжува „да боли“.

Вил Смит одлучи да поднесе оставка од Академијата: тоа самиот го објави во изјава објавена од магазинот Variety.

„Списокот на оние што ги повредив е долг и го вклучува Крис, неговото семејство, многу мои драги пријатели и најблиски, секој што беше во публиката или дома“, напиша Смит. „Јас поднесувам оставка како член на Академијата за филмски уметности и науки и ќе ги прифатам сите последици што Управниот одбор ќе ги смета за соодветни“, додаде актерот, кој ја доби статуетката за најдобар актер.

Во изјавата објавена од Variety, Смит ги нарече своите постапки „шокантни, болни и непростливи“, додавајќи дека „ја изневерил довербата на Академијата. На другите номинирани и победници им ја одзедов можноста да слават и да бидат прославени за нивната извонредна работа. Срцето ми е скршено“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Variety (@variety)

Смит, кој победи за неговата изведба во „Кралот Ричард“, исто така призна дека неговите постапки ги засениле другите добитници на Оскар.

„Сакам да го вратам вниманието на оние кои заслужуваат внимание за нивните достигнувања и да ѝ дозволам на Академијата да се врати на неверојатната работа што ја прави за поддршка на креативноста и уметноста во филмот“, рече тој, заклучувајќи. „Промената бара време. и јас сум зафатен со работа на себе за да се осигурам дека никогаш повеќе нема да дозволам насилството да го преземе разумот“.

Напад и одговор меѓу Жерар Депардје и Кремљ: „Депардје не знае што се Доњецк и Луганск, но спремни сме да му објасниме“

Слични објави

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо
Се вчитува....