Вечерта помеѓу сабота и недела, на 27 март, стрелките ќе ги поместиме еден час нанапред, од 2 часот на 3 часот по полноќ. Промена која заштедува енергија, но која за многумина се преведува во замор, стрес и малаксаност.
ПОЛОШО СПИЕТЕ
Спиете еден час помалку. Не е лошо, може да се каже. Проблемот е што долгот за спиење не е ограничен само на тој ден. Преодниот период е многу подолг за повеќето луѓе и се однесува и на преминот од зимско во летно сметање на времето и обратно. Луѓето спијат помалку, а сонот е повеќе нарушен, покажа студијата во Neuroscience Letters.
Влијанието на летното сметање на времето врз нашето тело се должи на деноноќниот ритам, внатрешниот часовник кој регулира многу циклични функции на нашето тело. Мелатонин, една од вклучените супстанции, се синтетизира кога е темно и го поттикнува спиењето. Проблемот со летното сметање на времето е што сонцето изгрева подоцна, што го отежнува влегувањето во режимот „будење“. Додека навечер светлината трае подолго, повторно збунувајќи го организмот во вистинското време да премине во режим на „одмор“.
Најчувствителни на ефектите од „џет-лаг“ на летното сметање на времето се луѓето кои имаат тенденција да се будат подоцна; ранобудниците помалку страдаат. На некои им требаат до три недели за да се навикнат, на други им треба еден ден.
ЛОША КОНЦЕНТРАЦИЈА
Помалку сон или нарушен сон значи и губење на концентрацијата и продуктивноста на работа. Студијата од 2012 година во Journal of Applied Psychology откри дека со летното сметање на времето, има „драматично“ зголемување на времето кога луѓето се занимаваат со „сајбер-прелистување“ или прелистување страници кои немаат никаква врска со работата или со тоа што го бараат.
Според друга студија направена во Индијана, Соединетите Американски Држави (каде до неодамна, поединечните окрузи можеа да избираат дали да се придржуваат или не до летното сметање на времето), учениците во окрузите кои штотуку ги наместиле стрелките на часовникот напред постигнале два проценти повеќе низок резултат на SAT тестот, приемниот испит на факултет. Изгледа малку, но можеби е доволно да ви биде забранет влезот на најпрестижните универзитети.
АВТОМОБИЛСКИ НЕСРЕЌИ
Утврден факт е дека автомобилските несреќите со смртни случаи се намалуваат во летниот период, во пролет, лето и рана есен, веројатно затоа што има повеќе светлина кога луѓето се враќаат од работа. Сепак, постои еден исклучок: понеделник кога стапува на сила летното сметање на времето. Тој ден има повеќе автомобилски несреќи, веројатно затоа што има повеќе поспани (и расеани) луѓе кои возат.
Студија направена врз рудари, исто така, сигнализира зголемување на несреќите на работа: тие се случуваат почесто и се посериозни.
ЗАБРЗАНИ СРЦА
Според неколку истражувања, срцевите удари се зголемуваат во првата недела од летното сметање на времето. Познато е дека ризикот од срцев удар е поголем наутро отколку во други периоди од денот, веројатно затоа што кардиоваскуларниот систем мора брзо да се прилагоди на различни промени по будењето. Изгубениот час, можеби, додава стрес и ја зголемува веројатноста за оние кои се изложени на ризик да имаат срцев напад. Лекарите ги советуваат оние кои страдаат од срце постепено да се прилагодуваат на промената на времето.
ПОВЕЌЕ САМОУБИВСТВА
Студијата спроведена во Австралија дури открила зголемување на самоубиствата во првите недели од летното сметање на времето, како и во периодот на враќањето на зимското сметање на времето. Според истражувачите, дури и мала промена во хронобиолошките ритми може да доведе до катастрофални ефекти кај најранливите луѓе.