21:49 - 9 април, 2026

(Видео) Зад мегахитот на Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка во животот

Како ѕвезда во подем, пејачката Силвана Арменулиќ еден ден во Лесковац, на клупа во парк, запознала млад човек – без денар во џебот, но со голема желба да стане пејач. Од непозната причина, ѝ се допаднал тој тивок и премрзнат младич, кој ѝ раскажал дека нема пари да се врати дома, ниту место каде да преспие. Таа го замолила управникот на хотелот во кој настапувала да му обезбеди работа и сместување.

Тој млад човек бил Тома Здравковиќ – токму оваа шанса му станала отскочна даска што го лансирала кон ѕвездите.

Во знак на благодарност кон Силвана, без која неговата кариера можеби и немало да постои, Тома ѝ ја напишал песната „Шта че ми живот без тебе драги“, која подоцна станала еден од нејзините најголеми хитови.

Еднаш, Тома открил дека инспирација за песната бил токму животот на Силвана.

„Инсистираше да ѝ напишам песна. Но како? Јас секогаш бев инспириран од љубовни врски. Со Силвана беше поинаку. Разговаравме со денови – беше несреќна. Ми откриваше детали од својот брак, кој беше нестабилен, едноставно очајуваше. Често велеше: ‘Леле, животот мој! Нека оди сè по ѓаволите, кога ништо не ми оди од рака! Ни брак, ни ова, ни она…’ И еднаш, додека патувавме со автобус на настап, ѝ реков: ‘Знаеш што, тоа е интересно – ќе ти направам песна токму како што зборуваш, како што се чувствуваш. Така ќе ја пееш подобро’“, раскажал Тома.

Песната „Шта че ми живот без тебе драги“ се продала во тираж од 300.000 примероци и станала вистински мегахит.

 

Слични објави

(Фото) Лидија Вукичевиќ денес слави – му се обрати на својот син со емотивни зборови: „Љубов моја…“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се причестила на Велики четврток, а се расплакала поради сцената што ја доживеала на пазар

Еспресо

Аца Лукаc откри детали од скандалот во Гетеборг: „Бевме измамени и лажно претставени“

Еспресо

Првото јавно појавување на Дарко Лазиќ во Србија по смртта на брат му: Имал една голема причина

Еспресо

Милан Станковиќ во духовна потрага: Велигденскиот пост го минува по манастири со мајка му

Еспресо

(Видео) Рале фатен како купува цвеќе за Ана, додека нејзината ќерка била со него

Еспресо
Се вчитува....