13.8 C
Скопје
15:56 - 18 декември, 2024

(Видео) Топ 10 листа: Најубавите божиќни филмови што треба да ги изгледате за празникот

Додека се подготвувате за празниците исполнети со љубов и радост, погледнете ја нашата листа на најдобри божиќни филмови.

Празниците се секогаш вистинското време да се потсетиме колку удобноста на топлиот дом е идеално место да поминеме убави моменти со луѓето што ги сакаме. Најубавите божиќни спомени од нешето детство (освен пакетчињата и играчките под елката) веројатно се поврзани со семејството што се собира за да изгледа некои од класичните божиќни филмови. И навистина, има нешто во празничните филмови што го откриваат она што е најдобро во луѓето. Можеби се тоа лекции научени од топла божиќна приказна, или можеби е тоа благодарност која сте ја искажале знаејќи дека вашите родители никогаш нема да ве заборават за Божиќ, за разлика од Кевин во филмот „Сам дома“.

Празникот (The Holiday, 2006)

Оваа романтична комедија за девојките кои ги менуваат своите домови и кои се вљубуваат во странство може да ве натера некои следни празници да испланирате да ги поминете во шармантна англиска колиба. Ајрис среќно се сместува во големата куќа на Аманда, но Аманда одлучува дека згрешила и планира да се врати следниот ден. Таа вечер, згодниот брат на Ајрис наминува откако премногу испил во еден локален паб, барајќи тука да преноќи.

Сам дома (Home alone, 1990)

Поминаа повеќе од триесет години откако обожаваниот божиќен филм „Сам дома“ заработи 285 милиони долари на киноблагајните, но никогаш нема да се измориме да гледаме како осумгодишниот Кевин ги спречува плановите на крадците да упаднат во куќата. Празниците не можат да поминат без ова слатко момче.

Лошиот Дедо Мраз (Bad Santa, 2003)

Оставете ја оваа црна комедија за „кога децата одат во кревет“ и подгответе се за добро смеење. Несреќен измамник и неговиот партнер се претставуваат како Дедо Мраз и неговиот мал помошник за да ограбат стоковни куќи на Бадник. Но, тие наидуваат на неволји кога измамникот ќе се спријатели со едно проблематично дете.

Божиќ во Конектикат (Christmas in Connecticut, 1945)

За сите љубители на црно-бели остварувања. Во оваа романтична комедија Барбара Стенвик глуми писателка која во колумните лаже за нејзиниот совршен (и фиктивен) селски живот. Мора да смисли како да ги покрие трагите кога нејзиниот шеф и еден воен херој сами ќе се поканат на божиќна вечера.

Момчето наречено Божиќ (A Boy Called Christmas, 2021)

Момче тргнува да пронајде мистериозен град во кој живеат џуџиња, но и својот татко. Во оваа приказна за потеклото на Дедо Мраз, едно обично момче заедно со миленикот глушец и ирвасот, тргнува во несекојдневна авантура за да го пронајде својот татко кој е во потрага да го открие легендарното село Елфхелм. Можете да го гледате на Нетфликс.

Семејството Стоун (The Family Stone, 2005)

Нервозна деловна жена од Њујорк, која ја глуми Сара Џесика Паркер, за празниците ја посетува семејната куќа на своето момче, но не се вклопува во либералното семејство Стоун. Ќе уживате и во актерската екипа која ги влучува Дајан Китон, Рејчел Мекадамс, Лук Вилсон, Дермот Малруни. Филмот ќе ве одведе на емоционален тобоган.

Всушност, љубов (Love Actually, 2003)

Уште еден филм без кој празниците не можат да поминат. Оваа романтична комедија ги следи љубовните животи на повеќе двојки за време на празничната сезона. Филмот брзо стана божиќен класик. Новиот британски премиер, ергенот Дејвид (Хју Грант) се вљубува во асистентката Натали (Мартина Мекачен). Сестрата на премиерот Карен (Ема Томпсон) свесна е дека нејзиниот сопруг Хари (Алан Рикман) има љубовна афера со младата заводлива колешка и сите приказни се поврзуваат.

Црн Божиќ (Black Christmas, 1974)

Некои сакаат божиќни филмови во малку хорор стил. Не сме тука да судиме…Но ако сте обожавател на овој жанр, филмот ќе ви се допадне. Има и римејк од 2019 година.

 

Крампус (Krampus, 2015)

Божиќна хорор -комедија за демонската ѕверка Крампус која ги казнува оние кои не биле добри според народното предание. Три дена пред Божиќ, напредното но нефункционално семејство Енгел се подготвува за празниците. Најмладиот член на семејството Макс Енгел и понатаму цврсто вреува во Дедо Мраз и има намера да му напише писмо…

Како Гринч го украде Божиќ (How the Grinch Stole Christmas, 2000)

Ниедна листа на божиќни филмови не може да помине без Гринч. Филмот е вистински празник за очи, а да не спомнуваме дека ќе ви го направи срцето три пати поголемо. Зелениот Гринч е желен за освета и сака да им го уништи Божиќ на граѓаните. Од друга страна, шестгодишната Синди Лу верува дека сите се фокусираат на подароци и свеченост, наместо на личните односи. Таа го сретннува Гринч и подоцна открива дека тој има трагично минато.

 

Слични објави

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо

Том Круз ја доби највисоката награда на американската морнарица за улогите во воени филмови

Еспресо

Скандал во шоуто на Амиџиќ: Дарко Лазиќ почна да ја фали бившата, Катарина побледе од срам!

Еспресо
Се вчитува....