22:08 - 2 април, 2026

(Видео) Тамара Драгичевиќ излезе од болница: Петар Бенчина објави како изгледа актерката два дена по породувањето

Српската актерка Тамара Драгичевиќ, која на свет го донесе синот Борис, излезе од породилиштето и заедно со сопругот, актерот Петар Бенчина се огласи на социјалните мрежи. Таа покажа како го поминува времето со семејството два дена по породувањето.

Бенчина на својот инстаграм-профил објави видео на кое се гледа како тој и неговата сопруга која го роди третото дете, уживаат во зајдисонцето на нивната тераса, а во еден момент во кадар се појавува и нивниот постар син.

Пред Тамара да замине од породилиштето, актерот објави и фотографија од сопругата со синот од прозорецот на породилиштето, додека актерката објави видео на кое нејзиниот сопруг и мафта од паркинг.

Да потсетиме, Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина веќе имаат две деца, ќерката Сташа и синот Лазар, а својот трет син го нарекоа Борис.

Инаку, Тамара по вечерното излегување отишла во породилиште, а тоа го открил нејзиниот сопруг.

„Утрово околу четири и пол по излегувањето во град застанавме кај „Драгиша Мишовиќ“… Неверојатна си“, напиша пресреќниот сопруг и татко покрај фотографија од чекалната.

Слични објави

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.

(Видео) Сама напиша преку 200 песни и режираше спот: Викторија Ефтимова со нов сингл, „Идеали“

apostolova
Се вчитува....