8.8 C
Скопје
11:56 - 1 април, 2026

(Видео) Супермоделите од 90-тите откриваат што се случувало зад модните писти

Претстојната документарна серија на „Епл ТВ-плус“, со наслов The Super Models („Супермодели“), се враќа на модната сцена од 90-тите низ објективот на некои од најголемите супермодели на тоа време.

Манекенските легенди Синди Крафорд, Наоми Кембел, Кристи Тарлингтон и Линда Евангелиста откриваат детали од своите култни кариери.

Документарецот ќе содржи ексклузивни интервјуа со четирите супермодели, кои ќе овозможат увид во своите кариери и ќе се потсетат на своите почетоци во манекенството.

Во официјалното соопштение се наведува дека серијата ги носи гледачите зад камерите и зад модните писти и открива како Наоми, Синди, Линда и Кристи доминирале во елитниот свет на манекенството.

Режисер на серијата е Барбара Копл, а продуценти се Брајан Грејзер и Рон Хауард. Документарецот пристигнува на 20 октомври на „Епл ТВ плус“, а објавена е и кратка најава.

Мини-серијата патува во 80-тите кога четири жени од разни делови на светот се обединија во Њујорк. Иако поединечно силни, успехот што го постигнаа со здружување ја надмина самата индустрија. Нивниот престиж беше толку неверојатен што успеаја да ги надминат брендовите што ги претставуваа, станаа успешни како и дизајнерите што ги облекуваа.

Денес, четирите легенди остануваат во првите редови на културата преку активизам, филантропија и деловна моќ. Додека модната индустрија продолжува да се редефинира себеси, како и улогата на жените во неа, приказната за Наоми, Синди, Линда и Кристи останува една од најинспиративните приказни за моќта“, гласи најавата за оваа серија, како што пренесува „Харперс базар“.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....