15:28 - 4 април, 2026

(Видео) Српски инфлуенсер приведен на Закинтос поради пеење песна за Косово: Лука се огласи по пуштањето од притвор

Српскиот инфлуенсер и тиктокер Лука Обрадовиќ, кој на социјалните мрежи е попознат како Лука Силни, е приведен на грчкиот остров Закинтос, пишува српски „Курир“.

Инфлуенсерот, како што откри, завршил во притвор бидејќи испеал песна која во текстот вели дека „Косово е срцето на Србија“.

Овој инцидент се случил во вечерните часови, на едно место се собрале толпа луѓе, сите ја пееле песната „Весели се српски роде“, а Лука бил издвоен од толпата.

Лука Силни поминал неколку часа во притвор, а по ослободувањето се огласил преку социјалните мрежи.

– Здраво луѓе, Закинтос ден број 9. Еве ме со братот таксист, се враќаме од полициска станица, ме уапсија, односно ме приведоа затоа што пеев „Косово е срцето на Србија“. Ќе пеам 15.000 пати ако треба и 15.000 пати ќе ме апсите. Го направив најголемиот концерт, имаше 50 луѓе и сите пееја „Косово е срцето на Србија“, повторно ќе го направиме и пак ќе одам во станицата – проачал Лука преку Тикток.

 

@lukasilni4UHAPSILI ME 😉♬ original sound – Luka Silni


Лука потоа на споменатата мрежа споделил видео од ситуацијата поради која завршил во притвор, а коментарите само се нижеле.

 

 

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо
Се вчитува....