07:19 - 13 ноември, 2026

(Видео) Совети од Клиника „Жан Митрев“: Минимално инвазивна техникa-декомпресија на колк

Постојат современи техники за зачувување на зглобната функција кои можат да бидат применети, таква е техниката која се нарекува интракоскена биопластика, која го одложува изумирањето на коскената срцевина (IntraOsseous BioPlasty (IOBP®).

Проблемите поврзани со коскениот систем се прилично чести, особено кај повозрасната популација. Дел од нив се однесуваат на сериозни функционални проблеми поврзани со колковите.
Со цел решавање на проблемите и олеснување на секојдневните активности, постојат современи техники за зачувување на зглобната функција кои можат да бидат применети. Таква е техниката која се нарекува интракоскена биопластика, која го одложува изумирањето на коскената срцевина.

Оваа постапка (IntraOsseous BioPlasty (IOBP®) / Bio Filler) е биолошки третман на оштетување на коскената срцевина кои поттикнуваат физиолошко ремоделирање и поправка на коските, ефикасно ја ублажуваат болката, ја подобруваат функцијата на зглобовите и го одложуваат развојот на остеонекрозата на феморалната глава. Таа се изведува преку декомпресија на јадрото и дирекна примена на концентрирана коскена срцевина со цел зголемување на намалената подвижност и ослободување од константна болка.

приватна архива

Оваа техника беше применета кај 53 годишна пациентка со аваскуларна некроза на десниот колк. Таа се жалеше на болка и ограничена функција на зглобот на колкот. По направената клиничка евалуација и дијагностичките снимања, ѝ беше индицирана оваа минимално инвазивна хируршка операција со цел решавање на нејзиниот проблем.

„Направивме декомпресија на јадрото на колкот со техниката на интракоскена биопластика. Тоа вклучуваше дупчење на една поголема дупка или неколку помали дупки во мртвата коска на главата на бедрената коска (врвот на бутната коска) со цел да се намали притисокот во коската. Со примена на оваа техника се прави декомпресија на јадрото со директна примена на матични клетки – PRP концентрат од аспират на коскена срцевина со помош на Arthrex Angel System за да се стимулира заздравувањето. Користењето на концентрат од аспират на матични клетки од коскена срцевина (BMAC) земен од нејзината коскена срцевина, содржи фактори за раст и антиинфламаторни протеини, за кои е докажано дека промовираат заздравување на коските и меките ткива, а истовремено и ги намалуваат симптомите на болка поврзана со повреди, тендинитис и артритис“, објаснуваат од Клиника „Жан Митрев“.

Со оваа метода се одложува изумирањето на коскената срцевина и со тоа се избегнува поставување на вештачки колк.

Со оваа метода се одложува изумирањето на коскената срцевина (остеонекрозата) и со тоа се избегнува поставување на вештачки колк.

Тимот ортопеди во Клиника „Жан Митрев“, предводен од проф. д-р Костантин Митев ги изведува овие процедури.

Закажете преглед или советување на тел. 02/3091-484.

Комерцијален текст.

 

Слични објави

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо

(Фото) „Продолжуваме со нови песни и убави моменти!“ — Благоја Грујовски доби големо признание, честитки пристигнуваат од сите страни

К.С.

Зоран Бирташевиќ од соработката со ЈК заработил 555.000 евра последните три години, а Карлеуша 2,5 милиони

Еспресо
Се вчитува....