7.8 C
Скопје
23:39 - 31 март, 2026

(ВИДЕО) Со домати по Макрон на неговото прво јавно излегување

Тоа требало да биде ненајавена мирна прошетка за изразување на благодарност меѓу гласачите, но неочекувано беше прекината – со фрлање домати, а потоа продолжи без дополнителни инциденти.

Домати по францускиот претседател Емануел Макрон беа фрлани за време на посетата на пазарот во популарната населба Сержи, при неговото прво јавно излегување по реизборот за претседател.

Доматите не стигнале до Макрон зашто обезбедувањето отворило чадор за да го покрие претседателот, а прошетјара продолжила набргу потоа.

Изборот на локација била одлука на претседателот со цел да му даде поопштествен правец на неговиот втор мандат.

„Потребно е да одиме многу подалеку и посилно во училиштата, она што почнав да го работам во претходниот петгодишен период, мора да продолжиме да им даваме средства на наставниците и учениците. Еве, вие сте во здравствена пустина и затоа сакам од почеток да започнам план за здравството. Здравствената пустина е во екстремните села, но и во многу сиромашните населби“, се обрати Макрон на толпата.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....