20.8 C
Скопје
16:19 - 12 март, 2026

(Видео) Шварценегер слави 40 години американско државјанство: „Сè ѝ должам на Америка“

Арнолд Шварценегер слави 40 години откога стана државјанин на САД. Холивудскиот акционен актер израснал во Австрија, но се преселил во Америка во 1968 година кога имал 21 година за да ги оствари своите соништа да стане шампион бодибилдер и се заколна на верност кон САД 20 години подоцна кога доби државјанство во 1983 година.

А сега четири децении подоцна, тој се сеќава на својот голем момент.

Во објава на „Инстаграм“ во саботата Арнолд сподели видеомонтажа од своите години во САД и напиша: „На денешен ден пред 40 години станав американски државјанин. Тоа е еден од најгордите денови во мојот живот. Сè и должам на Америка. Роден во Австрија, произведен во Америка!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arnold Schwarzenegger (@schwarzenegger)

Актерот, кој стана и политичар, сподели аудиоклип од својот говор во 2004 година на Републиканската национална конвенција во Њујорк Сити една година откако стана гувернер на Калифорнија.

Во говорот тој вели: „Мои сограѓани Американци, ова е неверојатен момент за мене. Да помислите дека некогаш едно слабо момче од Австрија би можело да порасне да стане гувернер на државата Калифорнија, тоа е сон на имигрантите“.

„На училиште, кога наставникот зборуваше за Америка, јас сонував да дојдам овде. Сонував да живеам овде“.

„Додека сум жив, никогаш нема да го заборавам денот кога кренав рака за заклетва за државјанство. Знаете колку бев горд? Бев толку горд што цел ден шетав со американското знаме завиткано околу моето рамо“.

Ѕвездата на „Терминатор“ заврши со изјавата: „На моите колеги имигранти што го слушаат ова вечерва, сакам да знаете дека сте добредојдени. Ги охрабруваме вашите соништа. Ние веруваме во вашата иднина“.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо

Ѓани итно хоспитализиран! Српскиот фолкер е примен на ВМА, соопшто неговата сопруга

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром: „Не е тој поинаков, ние сме“

Еспресо

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin
Се вчитува....