12:43 - 4 април, 2026

(Видео) Се смирија Ана Николиќ и Рале: Пејачката повторно го скрши зборот и му го прости неверството на Ратковиќ

Ана Николиќ и Горан Ратковиќ Рале решија да ѝ дадат уште една шанса на својата љубов.

Иако пејачката неодамна по втор пат ги извести своите следбеници на Инстаграм дека Рале ја изневерил и дека за тоа нема простување, се чини дека повторно се предомислила, а тоа индиректно го потврди со видеото кое го прикачи на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial)

Како што можете да видите во клипот, Ана во студиото на Горан го проба репертоарот за претстојните настапи и концертот кој го најавува на Ушќе. Додека ја пееше песната „Тераса со поглед на ѕид“, нејзиното момче постојано ја бодреше од позадина и велеше: „Тоа, браво!“ Заедно со видеото, пејачката додаде опис:

– Што реков? И да, Белград и Ушче ќе изгорат – напиша Николиќ.

Да потсетиме, Ана при последното раскинување заедно со заедничката фотографија со Ратковиќ го напиша следново:

– Би се обложила на тебе дека ме сакаш. Знаеше сè и правеше сè исто. Најлоша е темнината пред зори. И ова не е мој стил, но кога некој ги знае сите твои слабости и грубо ги злоупотребува против тебе под слоганот: „Ама те сакам“, тоа се вика предавство. Тоа никому не му го простувам – разочарана напишала пејачката.

Фото: Инстаграм

Слични објави

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо
Се вчитува....