18:42 - 1 април, 2026

(Видео) Рита Ора со шокантна изјава: Косово некогаш било дел од Албанија

Популарната пејачка Рита Ора, која е со албанско потекло, неодамна гостуваше во подкастот „Диар медиа“ (Dear Media), а кратки видеа од ова интервју се појавија на ТикТок во кои пејачката вели дека Косово, всушност некогаш ѝ припаѓало на Албанија.

„Јас сум родена во Косово. Во Албанија, добро, сега е Косово, но беше дел од Албанија. Потоа се преселив во Лондон кога имав една година…“, изјавила Рита.

Водителката на подкастот потоа искоментира дека има многу Албанки во светската музичка индустрија.

„Прекрасно е, кога почнав во 2012 година, немаше. Сега ги имаме Дуа Липа, Бебе Реџа и тоа е прекрасно. Мислам дека е природно да не споредуваат, особено што не нема многу низ светот. Но, ние три сме навистина различни…“, рече меѓу другото пејачката.

Меѓутоа првата изјава на пејачката за Косово и Албанија предизвика бурни реакции и отвори дебата меѓу корисниците на ТикТок за историјата на Балканот.

@dearmedia We need a @Rita Ora @Ava Max @BebeRexha @Dua Lipa collab asap 🔥 #albainan #albaniantiktok #femalmusicians #musiciancollab #ritaora #notskinnybutnotfat #podcastclips ♬ original sound – Dear Media

Слични објави

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо
Се вчитува....