3.8 C
Скопје
00:04 - 21 декември, 2024

(Видео) Реакции на бакнежот на хрватскиот министер: „Му фали елементарен бонтон“

Она што ќе биде убав гест за некои луѓе е всушност недостаток на бонтон и случајна проценка на ситуацијата. Вака изгледаше кога хрватскиот министер за надворешни работи Горан Грлиќ Радман на конференцијата за зајакнување и проширување на Европската унија во Берлин се обиде да ја бакне во образ својата германска колешка, министерката за надворешни работи Аналена Баербок, која бранејќи го својот личен простор, вешто успеа да се одбрани од несаканиот бакнеж, пишува хрватски Јутарњи лист.

Видеото со обидот за бакнеж упатен кон колешката од Геманија, молскавично се рашири на социјалните мрежи, а многумина го осудија хрватскиот министер.

„Насилно бакнување на жена, исто така се вика насилство“, напиша Јадранка Косор.

Ситуација ја коментираше и спортската новинарка на ХРТ, Мирна Зидариќ.

„Одвратно, дегутантно и недопустливо! Се надевам дека го чека судбината на Рубиалес“, рече таа, мислејќи на претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, кој ја бакна фудбалерката Џена Хермосо и беше суспендиран од ФИФА на три години.

„Ова е непримерен гест кој не смееше да се случи па не е чудо што остана на цедило. Изгледа дека министерот на го познава протоколот зашто срдечно поздравување може да се случи со личности со кои имаш однос кој дозволува поздравување со бакнеж. А тука е јасно дека таков однос не псотоји и не е чудо што министерката остана изненадена за таква блискост. И порака за мажите, жената ќе ви даде до знаење што сака, а што не сака. Така нема да бидете ни насилни, ни смешни“, вака го коментира гетсот Рада Бориќ, хрватска научничка, феминистка и активистка за правата на жените и член на политичката партија Нова левица.

„Мене ништо не  ме чуди од Грлиќ-Радман зашто тој и диоломатијата се сосема неспоиви. Човекот пати од логореја, а често баш ништо не кажува. И стално е во еуфорична состојба. Но можеби и сите ние би биле во еуфорична состојба да имаме таква сума на сметка. Од друга страна, нему му е туѓ бонтонот. Зашто маж никогаш прв не пружа рака на жена, а комоли да се обиде да ја бакне. Станува збор за освестена жена, германска министерка. Влегувањето во нејзиниот физички круг, на таков начин, без да бидете повикани е незамисливо и во недипломатските кругови“, објаснува Сања Сарнавка, активистка за женски права.

Грлиќ-Радман се обиде да се извади за скандалот на прес-конференцијата.

„Ако некој видел нешто лошо во тоа, тогаш му се извинувам на тој што го сфатил тоа на тој начин. Авионот доцнеше, па се видовме само на семејната фотографија. Не знам како некој го снимил. Седиме до друг, ние сме соседи. Беше многу добра конференција. Можеби испадна незгодно“, додавајќи дека министрите секогаш срдечно се поздравуваат.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....