13:30 - 12 март, 2026

(Видео) Принц од Врање је „украл“ евровизиската песна? Србите бараат замена

Овогодинешниот претставник за Србија на 69. Избор за песна на Евровизија, кој во мај ќе се одржи во Базел, Швајцарија, е Принц од Врање со песната „Мила“.

Тој доби најмногу гласови со љубовната, романтична балада „Мила“, која ја потпишуваат Душан Бачиќ и Дејан Николиќ, меѓутоа, сега на социјалните мрежи испливаа наводи дека оваа композиција всушност е плагијат.

Имено, се работи за песна на американскиот пејач Џордан Смит, за која многумина пишуваат дека неверојатно потсетува на „Мила“ на Принцот од Врање.

„Дај ми го мејлот на овој човек или на неговиот тим за да му го испратам“, „Брат, ова е страшно! Типот ладно ја украде песната и сака да ја претставува Србија“, „Ова е сè исто, и песната и настапот“, „Ова е плагијат“, се само дел од коментарите.

 

Она што е важно да се нагласи е дека песната мора да исполнува важни услови за воопшто да влезе во српскиот избор „Песму за Евровизију“ (ПЗЕ), па тешко дека и одговорните направиле таков пропуст.

Од друга страна, може да се забележи сличност меѓу песните, барем во мелодиската линија и ритамот, меѓутоа, дали е тоа доволно песната да се прогласи за плагијат? Одговорот го оставаме на надлежните, кои секако ќе се изјаснат доколку утврдат неправилности.

 

Слични објави

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Еспресо

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin
Се вчитува....