2.8 C
Скопје
23:10 - 11 март, 2026

(Видео) Популарниот поп пејач Марко Менгони го освои годинешното Сан Ремо: Триумф десет години по првата победа

Марко Менгони победи на 73-тото издание на фестивалот Сан Ремо, со песната „Два живота“ („Due vite“).

34-годишниот пејач од Витербо, град во централна Италија, беше победник на Сан Ремо и во 2013 година со песната „Л’есенциале“.

Првите зборови на Марко Менгони по победата на Санремо 2023 беа посвета на жените кои учествуваа на Фестивалот.

„Пет момци стигнаа до финалето – рече тој, видно трогнат – и затоа мислам дека е правилно да им ја посветам победата на жените-уметници кои донесоа прекрасни дела на оваа сцена“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marco Mengoni (@mengonimarcoofficial)

Менгони од мал е страствен за музиката, но дури во адолесценцијата решил посериозно да ѝ се посвети. Првото големо признание го доби во изданието на X-Factor во 2009 година.

Во 2010 година, благодарение на неговиот растечки успех, тој го имаше своето деби на Сан Ремо со песната „Believe me again“, завршувајќи трет во финалето.

И покрај тоа што има 1,7 милиони следбеници на Инстаграм, и е еден од најпопуларните италијански пејачи, никогаш јавно не излегле информации поврзани со неговиот љубовен живот.

Тој претходно изјави дека е свесен дека неговата професија бара да биде во очите на јавноста и затоа не сака да ги инволвира блиските, неговото семејство и пријателите, во јавни изјави поврзани со неговиот приватен живот за да не ги стави случајно во компромитирачка ситуација.

Се шират гласини дека е во романтична врска со девојка која е надвор од забавната индустрија, иако тоа се уште не е потврдено.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....