0.8 C
Скопје
06:55 - 14 март, 2026

(Видео) Падна запросување на концертот на Марија Шерифовиќ: Момче клекна на сцената и извади прстен

Instagram

Концертот на српската пејачка Марија Шерифовиќ во Зеница започна како спектакуларен дочек на Новата година, но за жал, го одбележа и една непријатна случка. Пејачката мораше да го прекине настапот поради бројните петарди кои летаа кон сцената, и покрај нејзините предупредувања. Марија одлучи да ја напушти сцената заради сопствената безбедност, оставајќи ја публиката изненадена и разочарана.

Меѓутоа, и покрај инцидентот, концертот доби неочекувана романтична нота. Имено, во текот на вечерта едно момче по име Ади од Зеница одлучило да ја искористи приликата и да ја искаже својата љубов пред илјадници луѓе. На сцената Ади побарал присуство на својата девојка Хана со која е во врска четири години. Изненадената публика одушевено гледала како Ади клекнува пред Хана и ги изговара зборовите кои засекогаш ќе ги спојат заедно.

@cjarlesleclerc #proposal #marijaserifovic #zenica #zenica #novagodina2024 #foryou ♬ original sound – Leclerc99

На Ади му била потребна поддршка за да го изведе својот план, а таа поддршка ја добил од никој друг туку од самата Марија Шерифовиќ. Таа му пружила зборови на охрабрување и му суфлирала што да направи, дополнително придонесувајќи на овој емотивен момент. Хана со својот одговор ги одушевила сите присутни, а нивната љубовна приказна била проследена со голем аплауз и овации.

Овој концерт сигурно ќе остане запаметен по неверојатниот спој на незаборавни емоции, од „луда“ забава до романтично запросување, оставајќи ги присутните со мноштво различни впечатоци.

 

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....