6.8 C
Скопје
07:49 - 1 април, 2026

(Видео) Невиден скандал: Филмот на Даниел Крег поради експлицитните геј сцени забранет во Турција

Филмот „Квир“ (Queer) со Даниел Крег во главната улога, доби забрана за прикажување во Турција.

Како што пишува „Гардијан“, турските власти од областа Кадикој го забранија прикажувањето на најновиот филм на познатиот режисер Лука Гвадањин, бидејќи го сметаат за премногу провокативен и сметаат дека ќе доведе до нарушување на јавниот мир. Имено, филмот изобилува со експлицитни сцени од секс меѓу двајца мажи, а една од темите е и зависноста од дрога.

– Забраната дојде од „безбедносни причини“ –  порачале властите на платформата за стриминг и на дистрибутерот „Муби“.

Сепак, оваа одлука не помина без последици. Бидејќи „Квир“ требаше да го отвори Филмскиот фестивал во Истанбул, компанијата „Муби“, која воедно е и организатор на фестивалот, одлучила да го откаже четиридневниот фестивал само неколку часа пред самото отворање, што е невиден скандал.

– Фестивалите се оази кои ги зближуваат луѓето и ја слават уметноста и културната различност. Оваа забрана за прикажување не влијае само на еден филм, туку и на значењето и целта на целиот фестивал – порачале од компанијата „Муби“.

Филмот „Квир“ ја имаше светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција во септември. Беше испратен со овации и ги воодушеви критичарите. Во светскиот киносали пристигнува на 27 ноември.

Даниел Крег е најпознат по улогата на тајниот агент 007 во франшизата за Џејмс Бонд.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....