3.8 C
Скопје
02:12 - 14 март, 2026

(Видео) Новата улога на Бредли Купер предизвика скандал: „Не само смешниот нос, воопшто не треба да го глуми Бернштајн“

Во трејлерот за биографскиот филм за Леонард Бернштајн, Купер се појави со лажен нос кој му даде карикатурен изглед.

принтскрин

48-годишниот актер Бредли Купер се најде во центарот на скандал по објавувањето на трејлерот за филмот „Маестро“ за композиторот Леонард Бернштајн. Незадоволство предизвика шминката на актерот, особено неговиот лажен нос.

Купер ја игра улогата на легендарниот музички диригент во филмот заедно со Кери Малиган, која ја портретира неговата сопруга Фелисија Монтеалегре, а филмот ја истражува нивната врска.

На социјалните мрежи, многу корисници зборуваа за лажниот нос на Купер и забележаа дека ова е стереотипна и навредлива слика на еден Евреин. Покрај тоа, изгледот на Бернштајн е радикално различен од оној што беше создаден за Купер.

„Се чини дека е сосема непотребно да се оди во оваа насока, со оглед на неверојатната сличност. Вистинскиот Леонард Бернштајн го немаше тој смешен нос што го носи Бредли Купер во „Маестро“, забележа еден од корисниците на твитер.

Друг корисник на твитер пак, забележа дека Бредли Купер воопшто не треба да ја глуми оваа улога, бидејќи тој не е Евреин.

За улогата се земаше предвид и актерот Џејк Гиленхал, но тој загуби во битката за правата за користење на материјалот на Бернштајн против Купер и неговиот продуцентски тим во филмот, кој ги вклучува филмските икони Мартин Скорсезе и Стивен Спилберг.

Друг корисник рече: „Сè уште би сакал на еврејските актери барем да им се даде можност на аудиција пред автоматски да бидат избрани некои попознати глумци“.

И многу корисници коментираа дека изгледот на Купер е и навредлив и непотребен за вистинскиот процес на раскажување на филмот.

„Бредли Купер со лажен нос како Леонард Бернштајн е еквивалент на Blackface. Тој мора да може да го прикаже ликот преку раскошот на сопствената игра“, се вели во коментарите.

Ова не е првпат да има конфликт поради нееврејски актер кој глуми еврејски лик во филм.

 

 

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....