01:01 - 10 јануари, 2026

(Видео) Нов скандал на повидок! Дара Бубамара до детаљ го ископирала спотот на Џенифер Лопез!

Околу дуетската песна на Дара Бубамара и Жељко Николиќ „Инфаркт на душата“ страстите не се смируваат.

Откако пејачката неодамна го обвини Слоба Радановиќ дека ѝ ја украл песната и сега на Јутјуб под верзијата на пејачката пишува дека популарната Новасаѓанка е сопственичка на нумерата, се разгорува нов скандал. Овој пат поради спотот.

Дара, Жељко и нејзиниот тим соработници останале без инспирација, па речиси до последен детаљ го ископирале спотот за дуетската песна „Pa’ Ti + Lonely“ на Џенифер Лопез и Малума од 2020 година. Во овој спот, кој само на Јутјуб има речиси 229 милиони прегледи, шпанскиот музичар Малума глуми детектив кој ја заведува Џеј Ло, па завршува во кревет со неа. Во текот на ноќта, специјални агенти упаѓаат во луксузната вила во која спијат и Џенифер директно од кревет ја носат на испрашување. Во станицата, ја испрашува токму Малума во панцир, околу кој цело време околу масата се врти занесна Латиноамериканка.

Идентични сцени во спотот има и Дара која се соживеала со улогата на Џеј Ло, додека Жељко како Малума. Единствената разлика што може да се забележи е во стајлингот на светската пејачка и српската пејачка, но боите кои Бубамара ги одбрала покажуваат дека и таа инспирација ја нашла во споменатиот спот.

Инаку, и самата Дара неодамна тврдеше дека е копирана од Карди Би во нејзиниот нов спот за синглот „Like What“, бидејќи американската раперка и нејзините соработници ја украле идејата за одредени кадри од спотот за песната „Кока рока“. Сепак, не ѝ требаше многу време и на Дара Бубамара да го направи истото.

Да потсетиме, медиумите своевремено пишуваа дека Дара во еден од нејзините видеа ја копирала Милица Павловиќ и нејзиниот стајлинг.

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....