14:14 - 3 април, 2026

(Видео) Никола Роквиќ утре пристигнува до целта: Пејачот откри колку милиони собра

Никола Роквиќ тргна пеш до манастирот Свети Нектариј Егински во Грција, за да собира средства кои ќе се насочат за хуманирарни цели.

Пејачот и неговата фондација „Породица“ како што објавија, собра 31 милион динари за помош на онкологијата во Србија, а подвигот на Никола е пред крај, бидејќи утре треба да стигне до целта.

Тој, секојдневно објавуваше на социјалните мрежи за да ги информира следбениците за неговиот пат и донираните средства. Сега, се огласи да каже дека набрзо ќе ја постигне посакуваната цел.

– Драги луѓе, Господ помага. Се надевам дека сите сте добро, еве сме на дофат на Атина, ако даде Господ, утре треба да пристигнеме на пристаништето Пиреја и потоа со траект до Егина, а од местото каде што ќе се спуштиме до манастирот е 7 километри и до Атина 50 км, утре со помош на Господ треба да поминам 57 километри. Ви благодарам за поддршката, ви благодарам за вашите молитви, ви благодарам за вашата љубов, за вашата вера. Останете со нас во вашите мисли за да ја достигнеме целта. Морам да ви кажам дека на денешен ден собрани се 31 милион динари, денеска и утре повторно одиме, навистина, овој пат за детска радост – изјави тој во своето видео.

Инаку, Никола Роквиќ го започна своето патување пред 30 дена.

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....