8.8 C
Скопје
22:20 - 14 март, 2026

(Видео) Не можеше долго да се крие: Бремената Жизел Бундшен во минијатурно бикини се бакнува со новото момче

Една од најпознатите манекенки на денешницата уште еднаш ги изненади своите обожаватели, кога обелодени дека чека дете со својот партнер, џиу-џицу инструкторот Хоаким Валенте.

Веста дојде само неколку месеци по нејзиниот развод со НЛФ ѕвездата Том Брејди, покажувајќи уште еднаш дека е подготвена за ново поглавје во својот живот.

Во текот на празникот Денот на благодарноста, Жизел и Хоаким уживале во романтичен одмор на плажата Санта Тереза ​​во Костарика. Папараците ги фотографирале во опуштено и љубовно расположение како си разменуваат нежности додека шетаат по песокот.


Убавата Бразилка гордо го покажала трудничкиот стомак под бел краток проѕирен фустан од тантела, под кој се гледало црно бикини. Својот лежерен изглед го комплетирала со едноставни зелени влечки и очила за сонце налик на мачки.

Двајцата изгледале целосно посветени еден на друг, а друштво им правел саканиот германски овчар на Жизел, Алфи, кој среќно трчал во близина.

Интересно е што празниците ги поминале заедно со нејзините деца од бракот со Том Брејди – 14-годишниот Бенџамин и 11-годишната Вивиен.

– Жизел ги зеде децата и отиде во Костарика со Хоаким да го поминат празникот заедно – открил извор близок на парот.

Том, пак, од друга страна, бил зафатен со професионални обврски.

 

Слични објави

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо

(Фото) „Светот ги сака победниците“: Мајката на Милица Тодоровиќ со порака за ќерката во екот на скандалот

Еспресо
Се вчитува....