6.8 C
Скопје
07:49 - 1 април, 2026

(ВИДЕО) Љубовен триаголник: Свештеник ја фатил жена си со друг свештеник на дело

Луѓето се подготвени на секакви изговори за да оправдаат нешто што направиле, особено кога, на пример, треба да се оправдаат пред партнерот што го изневериле.

Сепак, веројатно никогаш не сте слушнале ваков бизарен изговор, а целата ситуација е многу необична.

Бразилските медиуми пишуваат за жена од Кампо Гранде, која нејзиниот сопруг ја фатил на дело со друг маж. Она што ја прави оваа приказна посебна е тоа што сите тројца, мажот, жената и љубовникот, се свештеници на Евангелистичката црква.

Во основа, мажот ја затекнал жената со љубовникот во мотел, а таа сакајќи да се оправда му кажала дека Нечестивиот ја наговорил да го направи тој грев.

„Ти ми го уништи семејството, ти си ѓаволски овчар“, ѝ викал мажот на сопругата која ја фатил во прељуба, но бразилските медиуми пишуваат дека тој се однесувал како вистински христијанин кога малку се смирил и размислил за сѐ.

На сопругата со која бил во брак 21 година и простил за изневерувањето, а еве како го прокоментирал тоа:

„Кој е без грев прв нека го фрли каменот. Сите грешиме и мислам дека ние не сме единствените виновни за тоа, сите сме жртви на сатаната.

На објавеното видео се слуша како сопругот и вика на жената која ја фатил во љубовен занес со друг.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....