16:45 - 23 јуни, 2026

(Видео) „Љубов моја, среќен роденден!“: Бастијан ѝ го честиташе роденденот на Ана Ивановиќ на српски јазик

Поранешниот фудбалер Бастијан Швајнштајгер се потруди да ѝ посака прекрасен роденденски ден на својата сопруга на нејзиниот мајчин јазик.

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг, исто така поранешен спортист, германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, секојдневно покажуваат дека љубовта им цвета и дека се сакаат како на првиот ден.

Вчера Ана го славеше својот 36-ти роденден, па нејзиниот сопруг реши да ја изненади честитајќи и преку социјалните мрежи. Бастијан се потруди на српски јазик да ѝ го честита роденденот, со што го привлече вниманието на јавноста.

„Љубов моја, среќен роденден, многу те сакам“, го започна видеото Бастијан на српски јазик.

Потоа продолжи на англиски најавувајќи ѝ нешто возбудливо. Имено, тој ѝ порача дека до крајот на  годината ќе се случи убава работа – дека ќе ја победи во тенис.

Ана му се заблагодарила и му рекла да не си ги зголемува надежите премногу дека ќе ја победи во тенис, барем уште неколку години.

Слични објави

(Фото) Лука Радовиќ покажа колку е поврзан со децата на Тамара Тодевска — емотивен опис за малиот Дарен

Еспресо

(Фото) Емина Јаховиќ на исто место со поранешниот сопруг Мустафа: Пејачката во бел тесен фустан блеска од среќа

Еспресо

(Фото) Игор Џамбазов со интересна приказна за ќерката на Мики и Светлана Црнокрак

Еспресо

(Видео) Теодора Џехверовиќ на удар на критики — српската пејчка повторно копира светски ѕвезди?

Еспресо

Маријана се врати од Австралија, Росана сподели убави вести за неа

Еспресо

На 48 години има половина од 62 сантиметри — Јелена Розга ја откри својата тајна

Е.А.
Се вчитува....