08:56 - 4 април, 2026

(Видео) Лила Филиповска сподели среќна вест: Денес чист пет-скен пријатели мои…

Лила Филиповска со своите објави на социјалните мрежи постојано се обидува да ги охрабри сите жени кои поминуваат низ истата голгота, а истовремено и да ја крене свеста за оваа подмолна болест.

Сега, водителката со емотивна објава на нејзиниот инстаграм-профил откри нови детали за нејзината здравствена состојба и се пофали дека пет-скенот ѝ е повторно чист.

„Не секоја бура доаѓа да направи хаос, некоја ти ги расчистува патиштата. Денес чист пет-скен пријатели мои и животот е поубав. Само сакав да споделам и потсетам да уживаме во животот што ни е даден за што понекогаш доцна сфаќаме… Бидете ми здрави и живи“, напиша Лила покрај видеото на кое праќа бакнежи.

Да потсетиме, пред повеќе од две години Лила Филиповска беше подложена на петчасовна операција на канцер на дојка, по што успешно се избори со оваа подмолна болест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....