16:51 - 10 ноември, 2026

(Видео) Лепа Брена објави видео од моментот кога ја скрши ногата: Снимателот се струполи врз неа, камерата заврши на под!

Пејачката Лепа Брена неодамна доживеа несреќа на својот концерт во Загреб. Имено, таа ја скрши ногата откако снимател падна врз неа од бината, а поради тоа беше принудена да одложи уште два закажани концерти во Арената во Загреб.

Брена сега објави видео на Инстаграм на кое се прикажани кадри од нејзиниот трет концерт, во кој се вклучени и моментите кога пејачката се подготвувала да излезе на сцената. Брена како пишува на телефон во соблекувалната, потоа облекува костим и лежерно разговара со персоналот од нејзиниот тим, а потоа во еден момент можете да ја слушнете Сенида како вели „Одличен работник и уште поголема дива“, како и Ана Бекута која додава „Онаа што победува“.

Но, во последниот дел од видеото се гледа како танчерка ја изведува својата точка на јаже, а во следниот момент снимателот паѓа од бината, камерата се тресе и се гледа само темнина, додека песната „Пази коме завидиш “ се слуша во позадина.

„Ќе продолжи..:“, напиша кратко Брена во описот на видеото.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....