06:44 - 31 јануари, 2026

(Видео) Кејт Мидлтон прекрасна во веќе видена модна комбинација: А овие чевли ѝ се фаворит

Пред нивното патување во Франција за Светскиот куп во рагби, принцот и принцезата од Велс се појавија – изненадувачки – во подкастот на друг кралски член.

На кралската двојка ѝ се придружи и принцезата Ана како гостинка во подкастот кој беше снимен во замокот Виндзор, а ко-домаќин беше Мајк Тиндал.

41-годишната принцеза од Велс се одлучи за елегантна модна комбинација како гостинка во една од епизодите на подкастот. За оваа прилика, Кејт облече сиво, дискретно карирано сако од Кетрин Вокер, кое веќе еднаш го носеше во февруари 2022 година за време на посетата на изложбата Parents and Children Together во Лондон.

Модниот изглед го комплетираше со бело боди од британскиот дизајнер Холанд Купер, темносини панталони од Александар Меквин и салонки со високи потпетици во сива нијанса, од Хуго Бос. И овие чевли Кејт ги има носено во многу прилики и се главен фаворит во нејзиниот гардеробер.

Од аксесоари избра нежен часовник од луксузната марка Картие.

Идната кралица изгледаше неверојатно додека седеше до принцот Вилијам за време на разговорот. Таа се одлучи за природен изглед со многу дискретна шминка – нежен кармин и бледо-сива сенка за очи.

Целата група беше насмеана додека разговараа за низа теми, вклучувајќи го и ривалството меѓу Кејт и Вилијам.

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо
Се вчитува....