19.8 C
Скопје
09:57 - 30 септември, 2026

(Видео) Карлеуша му соопшти на светот кога Кристијано Роналдо оди во пензија

Социјалните мрежи не престануваат да зборуваат за Јелена Карлеуша која со Георгина Родригез се појави на ревијата на брендот „Vetements“ во Париз, а девојката на Кристијано Роналдо ја заследи српската пејачка на Инстаграм. Сега се појави снимка од разговорот меѓу двете, која изненади многумина.

Луѓето се убедени дека Георгина ѝ открила на Карлеуша кога Роналдо ќе ја заврши фудбалската кариера и ќе се пензионира. „Кристијано, уште една година и толку. Можеби две, не знам“, се слуша како вели Георгина на снимката. Твитер е преполн со реакции, а Србите се гордеат со пејачката.

„Во каков алтернативен универзум живееме кога преку Карлеуша дознавам кога Роналдо оди во пензија?!“, „Јелена Карлеуша му откри на светот кога Кристијано Роналдо оди во пензија. Застанете и гледајте“, „Дознаваме дека Кристијано му завршува кариера од разговорот меѓу Георгина и Карлеуша…“, пишуваат твитерџиите.

Да потсетиме, Георгина по пистата прошета во дресот на Роналдо, со неговиот потпис.

Слични објави

(Фото) Вистинска домаќинка – Ѓина Џиновиќ се пофали со своите вештини во кујната

Еспресо

Дневен хороскоп за 30 септември: Намалете ги работните обврски, одмарајте повеќе

apostolova

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо
Се вчитува....