06:48 - 12 април, 2025

(ВИДЕО) Како познатиот актер ѝ го променил ЖИВОТОТ НА ЛЕПА БРЕНА: Ѝ открил ГОЛЕМА ТАЈНА која и денес многу и помага

Пејачката Лепа Брена неодамна откри кој легендарен актер ја научил како да се „ресетира“ за петнаесет минути. Таа и Никола Симиќ во далечната 1987 година заедно го снимале култниот филм „Хајде да се волимо“, и Брена тогаш се чудела како актерот успева да биде секогаш свеж и расположен и покрај целодневното снимање.

Потоа тој ја вовел во светот на медитацијата.

– Научив како да се одморам за петнаесет минути. Ми треба апсолутен мир, тишина, ги затворам очите, како да медитирам. Сè околу мене е исклучено. Не треба да има никакво електромагнетно зрачење, бидејќи сето тоа влијае на нас. Се изолирам. Го исклучувам мозокот. Лежам и не размислувам. Ги отфрлам сите мисли. Првиот човек што ме воведе во медитацијата беше покојниот Никола Симиќ кога го снимавме филмот „ Хајде да се волимо“.

– Додека сите излегуваа да пушат и да пијат на паузите, Никола Симиќ седеше во јога поза и молчеше. Кога сѐ ќе завршеше, тој си заминуваше спокоен. Го прашав: „Никола, што правевте?“. Тој ми рече „Јас медитирам“. Се прашував, што е тоа медитација? Тоа беше во 1987 година, тогаш мислев дека тоа е за високата класа, дека не е за обичните луѓе. Го прашав што и како се прави и тој ми објасни – вели Брена.

Режисерот на споменатиот филм, Миќа Милошевиќ, еднаш откри дека пејачката непланирано ја добила улогата во неговото остварување.

– Тогашниот менаџер на Брена, Рака Ѓокиќ, предложи да ја вклучиме во филмот. Се согласив и во сценариото ги додадов кратката нумера и сцената со Брена во кафаната. Меѓутоа, кога таа застана пред камерата, почувствував дека е извонредна личност, па ја проширив нејзината улога од епизодна во главна. Одлично се снајде – истакна во една прилика режисерот и додаде:

– Сето тоа чинеше милијарда и пол тогашни динари. Кога се прошири веста дека во филмот ќе игра и Брена, во проектот се вклучи и продуцентската куќа „Унион филм“ со свој финансиски удел. Во филмот се вклучени и автентични сцени од концертите на Брена.

Слични објави

Јована Јеремиќ призна колку е љубоморна во врската: Водителката ги прозва бившите на Драган

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ во многу непријатна ситуација: Катарина отворено призна што ѝ смета кај нејзиниот сопруг

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ купија вила од милион долари: Погледнете го луксузот во кој живеат

Еспресо

(Фото) Дара Бубамара ужива во луксузен стан од 200.000 евра во Нови Сад! Мебелот вреди цело богатство

Еспресо

„Никогаш не сум побрзо пропаднала, како овие два месеци! Кристина Ковач загрижена за своето здравје, откри со што се бори

Еспресо

Ѕвездата на „Вовед во анатомија“ откри дека боледува од неизлечива болест

Еспресо