3.8 C
Скопје
00:18 - 13 март, 2026

(Видео) Јована Јеремиќ снимена како зборува на 4 странски јазици: Со ова видео сака да докаже дека не лажела во своето CV

Српската водителка Јована Јеремиќ се подготвува да замине во Америка каде ќе известува за претстојните претседателски избори за ТВ Пинк и Србија.

Како што открила за српски „Телеграф“ во специјалното роденденско интервју, веќе со месеци се подготвува темелно, а со својот тим работи на секој детаљ.

Меѓутоа, неодамна таа крена вистинска „прашина“ на социјалните мрежи, кога го објави своето CV. Во истото, покрај своите способности, училиштата и образованието, таа ги наведе и петте јазици коишто течно ги зборува.

Екипата на „Телеграф“ го проверила знаењето на Јована, па таа пред нивните камери ја поздравила публиката на четири јазици и погледнете како го направила тоа (во шпанскиот го вметнала српскиот збор – тачка).

Освен мајчиниот јазик, српскиот, Јована навела дека зборува и англиски, шпански, како и хрватски и босански.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs)


Токму овој детаљ, односно босанскиот и хрватскиот, предизвика хаос, поради што мрежите „горат“ со денови. Едноставно, кога сите би ги броеле и црногорскиот, босанскиот, хрватскиот…, сите би биле полиглоти од раѓање! Но, Јована навистина сериозно го мислела тоа кога го рекла.

Инаку, Јована во своето интервју за „Телеграф“ не само што изјавила дека има големи сличности со Доналд Трамп, туку открила дека доживеала голем обид за саботажа воопшто да замине во Америка, што таа, се разбира, во свој стил – победнички го извела.

 

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....