8.8 C
Скопје
21:28 - 30 март, 2026

(Видео) Ивона Јо објави видеоспот за новата песна „Тие очи“

После само 4 месеци од објавувањето на песната „Друго“, нашата пејачка Ивона Јо реши на македонската јавност да ѝ подари уште едно музичко парче.

„Тие очи“ е насловот на новата песна, која воедно е и втор сингл на Ивона за оваа година. Ова е модерна поп-песна со побрз ритам, соодветна за топлите летни денови.

„Пресреќна сум што создадовме песна и спот, кои се исполнети со брз ритам и убава енергија. Тоа е дефинитивно она што најмногу ни треба во овој период. Ова го правам за мојата душа и за сите вас. Знам дека со секоја песна сум чекор поблиску до вашите срца“, вели Ивона.

Песната „Тие очи“ доби и видеоспот кој е под режисерската палка на Мартин Трајановски, снимен во прекрасниот Охрид, со талентираниот Стефан Биков, а како огромно изненадување за сите нас, позади текстот се потпишува Тамара Волческа – девојката која дефинитивно ги пишува најубавите текстови. Музиката е на Зокс, Димитар и Јордан Манов, а аранжманот на Јордан Манов.

„Тие очи ми го осветлија патот. Тие очи ме милуваа секогаш кога немав ништо за себе. Тие очи ме направија сакана. Тие очи ме сакаа. Пронајди ги и милувај ги ‘твоите очи’”, додаде Ивона.

Видеоспотот за песната веќе е достапен на Јутјуб.

Слични објави

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....