01:55 - 12 ноември, 2026

ВИДЕО | Граѓаните на Босна и Херцеговина сакаат да му забранат влез на Бака Прасе во земјата

бака прасе

Српскиот јутјубер Богдан Илиќ, познат по прекарот Бака Прасе, за време на директен пренос неодамна го негираше геноцидот и повика на убиства, што ја вознемири јавноста во Босна и Херцеговина, а беше покрената петиција да му се забрани влез.

„Ја повикуваме ОСА БИХ да го забрани влезот на Бака Прасет (Богдан Илиќ) на територијата на Босна и Херцеговина. На својот канал на Јутјуб, Бака Прасе јавно го негира геноцидот врз Бошњаците извршен за време на агресијата врз Босна и Херцеговина. Бака Прасе на својот јутјуб канал се заканува со зборовите „нема веќе да нѐ зае*аваат, сите ќе ги убиеме“ и „кога веќе нѐ прогласија за геноциден народ, ајде да го искешираме“, стои во реакцијата на граѓаните.

Тие во оваа прилика решија да покренат петиција на социјалните мрежи за забрана за влез во Босна и Херцеговина.

По примерот од соседната земја, каде во неколку наврати на јавни личности од БиХ, како Феѓа Штукан, им беше забранет влез, граѓаните на БиХ сметаат дека постои оправдана причина за забрана за влез на Илиќ.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо
Се вчитува....