18.8 C
Скопје
16:24 - 15 март, 2026

(Видео) Финалето на „Ѕвездите на Гранд“ прекинато поради вонредната состојба во Белград

Финалето на српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ беше прекинато во саботата навечер во текот на емитувањето, откако избувнаа судири на улиците на Белград по завршувањето на студентските протести, пишуваат српските медиуми.

Откако беше прекинато емитувањето на „Ѕвездите на Гранд“ на Пинк, поради вонредните вести, продукцијата донесе одлука.

Тие одлучија да ја откажат финалната вечер синоќа и да ја одложат.

Поради ситуацијата во Белград и немирите на улиците, емитувањето на финалната вечер беше прекинато по емитувањето на првиот круг настапи на финалето од 20-те кандидати.

Во програмата во живо, водителката Ана Севиќ рече зошто финалето е прекинато и каков е планот за продолжување на емитувањето.

– Почитувани гледачи, „Гранд продукција“ отсекогаш ги почитувала правилата и како фер-плеј играчи не можеме да дозволиме кандидатите од Србија да бидат оштетени, со оглед на тоа што вечервашната емисија не беше емитувана во целост на територијата на Србија – рекла Ана.

– Најавуваме дека ќе ја продолжиме емисијата следната сабота со цел да се емитува на територијата на сите земји, за сите кандидати да добијат еднаква шанса и можност за победа. Ви благодариме што бевте со нас вечерва и што гласавте. Поддршката е важна за сите нас во овој момент. Се гледаме следната сабота, кога ќе го продолжиме дружењето – најави водителката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zvezde Granda (@zvezdegranda)

Слични објави

Овие 5 хороскопски знаци имаат највисока емоционална интелигенција

Еспресо

Почина таткото на Спасен Силјановски, пејачот скршен од болка

Еспресо

Куќа на планина и два стана во Белград: Недвижностите на Гога Секулиќ вредат над 600.000 евра!

Еспресо

Драма на концертот на Јаков Јозиновиќ во Нови Сад: На едно девојче ѝ се слошило, обезбедувањето веднаш реагирало

Еспресо

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.
Се вчитува....